Македонија

Премиерот Мицкоски од денеска во Брисел, утре ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан

Според најавите, предвидено е претседтелот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и членовите на делегацијата на Владата на Република Македонија вечерва да присуствуваат на настанот насловен „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци …“, што под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос го организираат амбасадорите на земјите од Западниот Балкан во Брисел.


Како што се наведува во најавата, станува збор за „единствен настан каков што Брисел досега не видел“, посветен на чествување на културното богатство, разновидноста и европската иднина на Западниот Балкан, со посебна нагласка на една од „најсимболичните традиции во регионот – уметноста на правење на вино“.

„Обединувањето на Европа може да се заснова само врз нашите споделени вредности, поттикнати од поединци, кои се вдахновени од заедничка култура и историја. Овој симболичен собир се стреми да ги почитува овие врски во средина, што негува дијалог, пријателство и меѓусебно разбирање.“ – се нагласува во најавата на настанот.

Во неа се додава дека присутните на настанот ќе имаат можност да откријат препознатливи вина од секоја од земјите од Западниот Балкан, да се сретнат со нивните производители и да ја доживеат разновидноста на регионот во топла и неформална атмосфера.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top