Македонија

Премиерот Мицкоски со видео порака го честиташе Денот на независноста (ВИДЕО)

„Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“, напиша премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски со видео од природните, културните и историските убавини на Македонија го честиташе 8 Септември – Денот на независноста.

Мицкоски видеото го објави на својот профил на „Фејсбук“, а во него се прикажани дел од препознатливите македонски предели и знаменитости. 

Во видеото се прикажани центарот на Скопје, реката Вардар, Скопското кале, Козјак, Охрид, Струга, црквата „Св. Јован Канео“, Плаошник, Скопското Кале, Крушево и „Македониумот“, Самуиловата тврдина, како и други природни и културно-историски места низ земјава.

„Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“, напиша Мицкоски во објавата.

 

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top