Македонија

Претрес во домот на директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар

По низата критики и снимката каде се слуша како полицаец инсистира да се приведе директорка на средно училиште во Демир Хисар, ќе постапува Секторот за внатрешна контрола при МВР.

Полицијата изврши претрес во домот на директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“, Маја Лозановска во Демир Хисар, а од видеото што на интернет го објави нејзиниот адвокат Жарко Стевановски се гледа дека имало намера таа иако е на боледување, на носилки да се однесе на информативен разговор во полиција. На видеоснимката се слуша како лицето кое адвокатот го именува како началник вели: „Ќе ја лишам од слобода, неа ѝ е забрането да се движи , но не е во животозагрозувачка состојба, таа нема да се движи, ќе биде изнесена на носилка и донесена в полиција да се обави информативен разговор“.

Адвокатот реагирајќи дека полицијата има налог за претрес, но не и за нејзино лишување од слобода, бара од синот на директорката да ја заклучи вратата.

По острите критики и снимката каде се слуша како полицаец инсистира да се приведе директорка на средно училиште во Демир Хисар, ќе постапува Секторот за внатрешна контрола при МВР. Истовремено, правната фела, но и граѓани реагираат на односот на полицаецот кој и покрај укажувањата на медицинскиот тим дека здравствената состојба на директорката Маја Лозановска не дозволува таа да биде спроведена на сослушување, тој вели „ако треба ќе оди со Амбулантно возило и на носилка во полициска станица“.

Од МВР велат дека кога ќе завршат проверките, ќе известат дали го санкционирале полицаецот.

„Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност за што дополнително ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Заменик директорот на НП Македонски шуми донираше 200 липи за роденденот на градоначалникот на Делчево: Јас ги плаќам

Ајде да започнеме да градиме свест, а врз таа свест систем во кој ние, сите оние кои можат, место за својот џеб ќе поработиме повеќе за општото добро на нашите сограѓани

Се евакуираат Македонци од Обединетите Арапски Емирати

Според податоците на МНР до скоро 473 македонски државјани побарале помош или информации преку претставништвата во Тел Авив, Доха и Абу Даби. Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт и 12 лица од Бахреин. Има дел македонски државјани кои се двоумат дали да се вратат.

Уставниот суд одлучи: Линеарното покачување на пензиите не е неуставно и останува во сила!

Уставниот суд одлучи да ја запре постапката за оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година, со што престанува преиспитувањето на линеарното зголемување на пензиите. Со оваа одлука постојното законско решение останува дел од правниот поредок. Од Судот информираа дека предлогот за поинаква одлука не добил потребно мнозинство гласови, поради што постапката е прекината, пренесе МИА.

To top