Македонија

Претседателката од Братислава: Нема отстапки на идентитетот и јазикот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека Македонија останува цврсто определена кон членството во Европската Унија, но очекува да биде третирана рамноправно и да биде оценувана според Копенхашките критериуми, а не преку билатерални спорови и идентитетски прашања.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека Македонија останува цврсто определена кон членството во Европската Унија, но очекува да биде третирана рамноправно и да биде оценувана според Копенхашките критериуми, а не преку билатерални спорови и идентитетски прашања.

На заедничката прес-конференција со словачкиот претседател Петер Пелегрини, Сиљановска-Давкова истакна дека двете земји ги поврзуваат силни историски, културни и духовни врски и изрази уверување дека посетата ќе придонесе за дополнително зацврстување на билатералната соработка.

Таа посочи дека постои голем потенцијал за продлабочување на економската соработка, особено во енергетиката, иновациите, зелената транзиција, инфраструктурата и туризмот, потсетувајќи на неодамнешните бизнис-форуми и отворањето на директната авиолинија Охрид–Братислава.

Претседателката посебно ја поздрави поддршката од Словачка за македонскиот јазик и култура, посочувајќи го отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, како и воведувањето настава по македонски јазик и објавувањето на првиот учебник по македонски јазик за Словаци.

За евроинтеграциите

„Европа е наш природен дом – географски, историски и културно. Она што го бараме е да бидеме третирани како сите останати, да бидеме вреднувани според Копенхашките критериуми и да добиеме можност да се фокусираме на реформите и владеењето на правото, наместо на билатерални прашања“, порача Сиљановска-Давкова.

Таа го поздрави словачкиот став дека идентитетските и културните прашања не треба да бидат предмет на политички условувања во процесот на проширување на Европската Унија.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

To top