Македонија

Претседателката прими повеќе групи млади луѓе во вилата Билјана

Возрасните мора да им овозможат на младите учество во управувањето со сегашноста, ако сакаат подобра иднина

Прекрасно поминат ден во Охрид по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

 

 

На настанот гостите ги презентирале своите ИТ-вештини, како и талентите во сликарството, танцот и музиката. Најуспешните средношколци ги споделиле искуствата од школувањето и плановите за иднината, а учесниците во меѓународната размена информирале за позитивните искуства од посетата.

,,За сите, важна претпоставка за младинското учество во процесот на одлучувањето е донесувањето на измените на Законот за младинско учество и младински политики.

Охрид ќе биде поубав, доколку се искористат знаењето, умот и талентот на младите луѓе, како носители на нови идеи.

Возрасните мора да им овозможат на младите учество во управувањето со сегашноста, ако сакаат подобра иднина”, стои во објавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

 

 

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top