Македонија

Пријава на Антикорупциската комисија против поранешни директори во ТЕЦ Неготино: земале и плата и апанажа рамна на 12 плати!

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) одлучи да поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на Управниот и на Надзорниот одбор на ТЕЦ Неготино.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) одлучи да поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на Управниот и на Надзорниот одбор на ТЕЦ Неготино.

– Во ДКСК пристигна пријава од непознат поднесител против лица од поранешниот управен одбор на АД ТЕЦ Неготино. Пријавените лица биле членови на поранешниот управен одбор на АД, воедно распоредени на директорски позиции во организациони единици во ТЕЦ Неготино. По статусната промена и соединувањето на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ-Скопје, по престанок на функциите, како членови на управниот одбор, овие лица останале во работен однос во АД што било незаконски, бидејќи вработувањето во трговските друштва во државна сопственост единствено е преку јавен оглас. Оправдување за таквиот начин на вработување биле менаџерските договори врз основа на кои им било овозможено да изберат дали ќе останат во АД или ќе се вратат на старите работни места од каде дошле пред изборот. Дополнително во пријавата, лицата добиле средства во вид на апанажа врз основа на менаџерски дгоговори во висина од целосни 12 плати што претставуваат дополнителни приходи на редовната плата која ја добивале, а тоа значи дека како вработени во АД добивале редовна месечна плата и плус една плата согласно менаџерските договори. По разгледување на документацијата, ДКСК утврди дека наводите се потврдуваат и согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси, против пријавените лица ќе иницира постапка до надлежен орган – информира членот на ДКСК Сервет Демири.

Членовите на ДКСК ја донеле одлуката едногласно.

Најнови вести од: Македонија

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

Кисела вода добива сè повеќе првачиња

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, рече дека изградбата на салата во Припор е реализација на долгогодишно барање на жителите. Таа нагласи дека проектот е реализиран во соработка со Владата и Министерството за образование.

To top