Македонија Бизнис

Приватните автобуси ги снема од скопските улици, никој не знае до кога?!

Голем број скопјани од вчера останаа без превоз откако дел од приватните автобуси беа повлечени од сообраќај. Се претпоставува дека причината за тоа се нередовни исплати од ЈСП Скопје и истечени договори кои беа склучени во 2023 година. Вчера ги немаше автобусите со број 23 и 45, а граѓаните беа останати зачудени на постојките незнаејќи […]

Голем број скопјани од вчера останаа без превоз откако дел од приватните автобуси беа повлечени од сообраќај. Се претпоставува дека причината за тоа се нередовни исплати од ЈСП Скопје и истечени договори кои беа склучени во 2023 година. Вчера ги немаше автобусите со број 23 и 45, а граѓаните беа останати зачудени на постојките незнаејќи што се случува со превозот. Претходно немаше никакви најави за прекин во превозот на некои линии или за проретчување на автобусите.

– Чекам 23-ка веќе 40 минути. Веќе стана многу топло, а автобус нема – вели скопјанка која чекаше на автобуската постојка кај Железничка станица.

Никој од засегнатите првозници и од Градот не кажува што точно се случува. Некои сопственици на приватни автобуси тврдат дека ЈСП доцни со исплатите. Еден од нив тврди дека за еден месец од минатата година не му биле ни признати извозените километри.

– Имам еден месец извозено од лани што не ми го признаваат. Ми велат – „системот не те евидентирал и нема пари“. Како да работам така? За секој ден на терен ми требаат околу 300 евра – гориво, возач, амортизација… Сето тоа го покривам од сопствен џеб, а ЈСП не ми плаќа навремено – вели сопственик на приватен автобус.

Според приватни превозници, проблемот се влошил откако договорите склучени пред две години им истекле, а нови немаат потпишано. Од Градот Скопје не се изјаснија во врска со застојот во превозот, ниту дали договорот со приватните превозници е продолжен, или тие деновиве возат на диво. Градот нема објавено нов повик за склучување договори со приватните превозници.

Додека не се реши проблемот со приватните превозници, граѓаните повторно се ставени во состојба да чекаат долго автобус кој воопшто нема да дојде.

Ниту еден претставник на приватните превозници деновиве не излезе да каже што се случува. Јовица Зафировски, кој досега честопати беше гласноговорник на барањата на приватниците, денеска не одговори на повиците од Плусинфо.

На крајот на мај истече двегодишниот договор кој во 2023 година го потпиша Градот со групацијата од три приватни превозници – „Јофи Бус“, „Вестор транс“ и „Радос компани“. До денес, ниту од Градот, ниту од ЈСП нема ниту потврда ниту демант: дали договорот е продолжен или не, дали има нов договор или повторно скопјани ќе се соочат со редуцирани линии.

Пред две години, градоначалничката Данела Арсовска ги прекина договорите со „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, обвинувајќи ги за непочитување на договорни обврски. По неколку месеци на преговори и неуспешни јавни огласи, беше склучен нов договор со три приватни превозници и автобусите повторно се вратија на улиците.

Според законската регулатива, приватен превозник нема право да врши јавен превоз доколку нема валиден договор со локалната самоуправа или со Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Доколку, и покрај тоа, автобусите на приватните компании продолжат со работа, тие се изложуваат на санкции од страна на сообраќајната инспекција и полицијата.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

To top