Македонија

Привремен сообраќаен режим за време на Виз Ер Скопски маратон

Поради 21. издание на Виз Ер Скопски маратон

Поради 21. издание на Виз Ер Скопски маратон, што денеска започнува со рекордни над 14.000 натпреварувачи од 58 земји, во Скопје важи привремен режим на сообраќај до 14:00 часот, со целосни или делумни затворања на улици долж трасите. Организаторот апелира граѓаните да го планираат движењето, а тркачите да дојдат барем 20 минути порано и да влезат во соодветниот бокс според регистрацијата за да се избегнат турканици.

Сите трки финишираат на Плоштад Македонија: Комерцијална Банка 5K стартува во 08:00 часот кај Црвениот крст, по ул. „11-ти Октомври“, лево на бул. „Крушевска Република“, десно на „3-та Македонска Бригада“, полукружно кај ул. „Васко Карангелевски“, па назад до целта. Маратонот, полумаратон и штафетата започнуваат во 08:05 часот пред Собранието по ул. „11 Октомври“ кон запад по „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Васил Чакаларов“, полукружно во Хром, назад кон центар, па кон Црвен Крст, лево на „Крушевска Република“, десно на „3-та Македонска Бригада“, лево на „Васко Карангелевски“ до „Јане Сандански“, десно до „Србија“ (со полукружно), па назад до „3-та Македонска“. Полумаратонците и штафетата завршуваат на плоштадот, маратонците трчаат уште круг.

МВР предупредува дека сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици, па граѓаните да ги почитуваат полициските наредби за безбедно движење.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

To top