Македонија

Проблем со водата и во Валандово, препорачано е да не се пие: арсен има до 14, а максималната граница е 10!

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја известува јавноста дека, согласно со добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен.

Нивото на арсен во водата изнесува 14, а максималната граница е 10. Земени се нови мостри и резултатите од нив ќе бидат готови во петок. Арсенот е високотоксичен и крајно опасен металоид, кој го оштетува клеточниот метаболизам и ги напаѓа виталните органи. Класификуван  е како докажан канцероген агенс, што предизвикува  рак на белите дробови, кожата, бубрезите и мочниот меур. Но арсенот причинува и други  сериозни акутни и хронични заболувања, вклучувајќи оштетувања на нервниот систем, кардиоваскуларни проблеми и промени на кожата.

Се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. Водата може да се користи исклучиво како техничка вода. „ЈП „Комунален сервис“ – Валандово веќе ги презема сите потребни активности и врши дополнителни анализи и контроли на квалитетот на водата, во соработка со надлежните институции. За сите понатамошни резултати и препораки, јавноста ќе биде навремено известена“, велат од претпријатието.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

To top