Македонија

Продолжува инвестицискиот циклус на Lidl во Скопје: Почна изградбата на маркет во Гази Баба

Лидл Македонија

Lidl продолжува со засилено темпо да инвестира во земјава. Со симболично поставување камен-темелник, компанијата денеска го означи стартот на изградбата на уште еден маркет во главниот град, лоциран во скопската општина Гази Баба. Продажниот објект ќе се гради на парцела во лесно достапно подрачје и со директен пристап до главните градски сообраќајници. Со ова Lidlго најавува проширувањето на својата продажна мрежа како дел од стратешкиот и долгорочен развоен план на компанијата во државава.

Новиот продажен објект ќе се простира на површина од околу 2.500 квадратни метри, од кои приближно 1.500 квадратни метри ќе бидат наменети за продажен простор. За посетителите се предвидени 130 паркинг места, со што ќе се овозможи лесен пристап и комфор при пазарењето. Како и сите маркети на Lidl, и овој ќе биде изграден според современи стандарди за енергетска ефикасност, функционалност и одржливост, со внимателно осмислен распоред и пријатна атмосфера за купувачите.

Претставникот на Лидл Македонија нагласи дека инвестицијата во Гази Баба е потврда за довербата на компанијата во потенцијалот на македонската економија.

„Со градењето на секој нов маркет ја зајакнуваме нашата продажна мрежа и ја унапредуваме нашата поврзаност со локалната заедница. Гази Баба е динамична и фреквентна општина и сметаме дека е вистинската локација за овде да ја продолжиме нашата инвестициска приказна. Нашата цел е да создадеме современи и функционални малопродажни центри кои ќе понудат производи со висок квалитет по достапни цени, преку ефикасен и одржлив бизнис модел, а истовремено да креираме нови и стабилни работни места“, изјави Гоце Гаврилов, директор за недвижности во Лидл Македонија.

Како дел од заложбите на компанијата за одговорно работење, при изградбата на маркетот се води грижа за зачувување на зеленилото и засадените дрвја. Ќе бидат зачувани 200 дрвја, а за отстранетите 15,ќе бидат засадени 32 нови садници. Маркетот ќе има дворно зеленило од 3.636 квадратни метри. Оваа површина ги надминува законскиобврзувачките 20% зеленило кои еден инвеститор мора да ги реализира при градење на објект.

Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба, најави дека новата инвестиција на Лидл ќе обезбеди подобра понуда за граѓаните на општината.

„Ние како локална самоуправа континуирано работиме на создавање поволна бизнис-клима и привлекување на реномирани компании. Изградбата на маркетот во Гази Баба е показател дека општината се развива во атрактивна и перспективна деловна средина, способна да одговори на стандардите и очекувањата на еден глобален малопродажен бренд како што е Lidl. Оваа инвестиција ќе донесе нови вработувања, поголем избор и воопшто дополнителна вредност за жителите на општината“, потенцира Стефковски.

Присуството на Lidl во земјава има и поширока економска димензија, преку активниот придонес во извозот на домашни производи на европските пазари. Минатата година извозот на македонски производи преку мрежата на Lidl достигна 15,5 милиони евра, што е заеднички успех, но и доказ дека македонските компании можат да одговорат на највисоките европски стандарди.

Lidl е дел од групацијата Schwarz Group, со седиште во Некарсулм, Германија, и е еден од водечките трговци со храна во Европа. Компанијата управува со околу 12.600 маркети во 31 држава на светско ниво. Овој меѓународен бренд нуди селектиран асортиман на производи со најдобар однос меѓу квалитетот и цената, а вработува над 382.000 луѓе. Со новиот маркет компанијата ја потврдува својата долгорочна стратегија за стабилен раст и создавање на прријатно корисничко искуство за македонските потрошувачи.

Најнови вести од: Македонија

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

Најнови вести

To top