МКД.мк и Маркет Вижн тврдат дека претседателот на Левица користел погрешна методологија при споредба на анкетата со изборните резултати.
Димитар Апасиев не знае да ги чита анкетите или намерно манипулира, се вели во реакцијата на МКД.мк и на агенцијата Маркет вижн на вчерашното интервју на претседателот на Левица за ТВ24 (од 3,10 до 3.24 минута) за резултатите од анкетата во септември 2025, пред локалните избори.
Професорот ги коментира резултатите на кој се групно прикажани резултатите од сите испитаници, вклучително и оние кои изјавиле дека нема да гласаат, не знаат дали ќе гласаат, не одлучиле за кого или не сакаат да откријат, се вели во реакцијата.
„Професорот Апасиев прави споредба на резултатите од анкетата од септември лани со резултатите на Левица остварени на изборите за кои вели дека биле ‘безмалку 7%’. Господинот би требало да знае дека на избори не излегуваат оние што рекле нема да гласаат, а кога се проектираат изборни резултати од анкета се отстрануваат и оние кои се изјасниле дека нема да гласаат за ниту една партија. Така според посочената методологија проектираниот резултат на Левица на локалните избори 2025 во анкетата на Маркет вижн е 6,9%.
Според ДИК, на изборите излегле 834.440 граѓани, а од нив на листите за совет, каде јасно може да се види партиската ориентација, за Левица гласале 56.287 што изнесува приближно 6,7%.
Еве како треба да се изврши пресметката

Значи, резултатот во анкетата на Маркет вижн прилично точно е превиден резултатот на Левица, дури и микроскопски преценет.
Бројките најдобро зборуваат за професионалноста и точноста на агенцијата, а на господинот Апасиев му стоиме на располагање да му помогнеме за толкување и објаснување на резултатите од статистички аспект“, се вели во реакцијата.