Македонија

Пролетна акција за реконтрукција на детските игралишта и урбаната опрема

Општина Карпош

По претходно утврдена фактичка состојба на терен, план и динамика, фирмата задолжена за реконструкција и реновирање на урбаните елементи од детските (урбани) игралишта, кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, како и реконструкција и одржување на клупите и корпите за отпадоци, Општина Карпош започна пролетна акција во која ќе ги заменува старите, оштетени и дотраени урбани елементи, онаму каде што е потребно.

На плоштадот „ПБК“ во населбата Козле, (спроти студентскиот дом “Гоце Делчев), екипите ги заменија сите оштетени седишта за лулашки и клацкалки, го прицврстија долниот дел од двете лизгалки и ја бојадисаа металната конструкција на игралиштето (лизгалки, клацкалки, тобоган).

Пред новоизградениот базен во населбата Карпош 4, веднаш до салата Наум Наумовски –Борче (Партизан), беше заменет предниот дел од оградата, заедно со влезната порта, со посоодветна ограда и порта, додека на две клупи, во предниот дел од Т.Ц „Лептокарија“, насочен кон бул. „Партизански одреди“, беа земенети дрвените оштетени кадрони со нови дванаесет парчиња на број.

Општина Карпош во континуитет вложува во одржување и модернизација на постојните детски игралишта, кои се над 50 на нејзината територија, што ја прави општина со најголем број на ваков вид на урбани игралишта во Скопје. Како свртилишта за најмладите наши жители, кои заедно со своите родители рекреираат и другаруваат на овие детски игралишта, особено во пролетните и летни месеци, упатуваме особен апел до сите граѓани, заеднички да се грижиме и да ги одржуваме во функционална состојба детските (урбани) игралишта и соодветната урбана опрема , бидејќи станува збор за места за релаксација на сите генерации карпошани, од најмлади до највозрасни.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top