Македонија

Пролетна крводарителска акција во Општина Карпош

Општина Карпош, во соработка со Државниот завод за трансфузиологија и Општинска организација на Црвен Крст-Карпош

Општина Карпош, во соработка со Државниот завод за трансфузиологија и Општинска организација на Црвен Крст-Карпош, денеска ја спроведува редовната крводарителска акција, која во Карпош се одвива два пати годишно.. акцијата започна утрово во 9 часот, а веќе до 12 часот, дарувани се над 52 крвни единици, од страна на административните работници, граѓаните, вработените од приватните сектори, како и вработени во градинките и училиштата.

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски ја поздрави оваа хумана акција и ги повика сите искусни дарители да не ја испушат можноста повторно да даруваат, бидејќи капка крв значи живот. -Одѕивот на граѓаните воопшто не е изненадувачки, бидејќи Општина Карпош е водечка општина по дарување крв. Крводарителските акции започнуваат од 2001 година, а посебно го поддржувам чекорот на младите кои се почесто се дарители.

Дарувањето крв претставува чин на хуманост и грижа за другите. Како градоначалник секогаш ќе ги поддржувам иницијативите што ја поттикнуваат заедничката одговорност и ќе покажат дека сме дел од една заедница која помага кога е најпотребно. Би сакал да апелирам и да ги повикам сите граѓани да се приклучат кон денешната крводарителска акција и да дадат свој придонес – истакна Лукровски.

Претставник од општинската организација Црвен крст, Билјана Костова додаде дека долги години Црвениот крст соработува со Општина Карпош. -Би сакала да напоменам дека правиме редовни традиционални крводарителски акции. Соработката со Карпош продолжува и особено ни е драго што имаме рекордни бројки во дарување крв.

Статистиките велат дека Општина Карпош е сеуште на врвот во најголем број собрани крвни единици, меѓу сите општини во државава. Во таа насока, Општина Карпош ги повикува сите граѓани, кои се во добра здравствена состојба да учествуваат во денешната крводарителска акција.

Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top