Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни подрачја ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури ќе се движат од 8 до 15 степени, а максималните ќе достигнат од 26 до 32 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне 32 степени.