Македонија

Промоција на ELeVATE проектот: Жени во Net-Zero технологии – настан во Europe House

9 февруари

На 9 февруари 2026 година во Europe House во Скопје ќе се одржи официјалниот настан на кој ќе се промовира проектот ELeVATE – Women in Net-Zero Technologies (Smart Electricity for Buildings – SEB), иницијатива насочена кон поттикнување на учеството на жените во одржливи енергетски и паметни технолошки решенија за објекти.

Настанот ќе обедини претставници од институции, меѓународни организации, образовни и експертски тела, како и претставници од технолошкиот и енергетскиот сектор, со цел отворање дијалог и промоција на можностите за развој на жените во областа на Net-Zero технологиите.

📅 Датум: 9 февруари 2026 (понеделник)
🕐 Време: 13:00 – 15:00 часот
📍 Локација: EUROPE HOUSE (ЕУ Делегација), Скопје
✅ Учество: бесплатно

Настанот ќе започне со пристигнување и регистрација на учесниците, по што следува официјално отворање, презентација на проектот и панел дискусија со високи претставници од европските и националните институции и релевантни организации.

Меѓу говорниците и панелистите се:

·         Н.Е. Michalis Rokas – Амбасадор на Европската Унија во РС Македонија

·         MSc Sanja Bozinovska – Министер за енергетика, рударство и минерални суровини

·         Prof. Dr. Viktorija Trajkov – Заменик министер за европски прашања

·         MSc Ane Laskoska – Заменик министер за животна средина и просторно планирање

·         MSc Ana Mihajlov – Директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

·         MSc Monika Rizovska Tanevska – Претседател на Women in Tech North Macedonia

·         MSc Jovan Kocev – Директор на Југоисточен плански регион

Настанот има за цел да ја истакне важноста на родовата инклузија во развојот на одржливи енергетски решенија и да поттикне соработка помеѓу институциите, експертите и технолошката заедница во насока на зелена и паметна иднина.

По панелот ќе следува сесија за заклучоци и прашања и одговори, како и неформално вмрежување со кафе.

Деталната агенда на настанот е доставена во прилог во PDF формат.

Agenda-EuropeHouse-ELeVATE -Women in NetZero Tech

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Остануваме посветени на спроведување на реформите, заради забрзан напредок на државата

Денеска одржавме работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку интернет-обраќање обраќање учествуваше директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство Герт Јан Копман, информира премиерот Христијан Мицкоски.

Професорите по економија во Македонија основаа национално професионално здружение

Здружението на професори по економија на Македонија беше официјално основано на Основачкото собрание, одржано во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Скопје.

Инвестиција од 74 милиони денари во тетовската болница

„Ова е инвестиција во достоинството и безбедноста на пациентите, како и во подобри услови за здравствените работници. Нашата цел е граѓаните на Тетово и Полошкиот регион да добиваат модерни и навремени здравствени услуги, што е можно поблиску до нивното место на живеење“, нагласи министерот Клековски.

Славната спортска ѕвезда пристигна во Скопје во придружба на нејзиниот дечко, Јане Веселинов, кој потекнува од Македонија

Славната спортска ѕвезда пристигна во Скопје во придружба на нејзиниот дечко, Јане Веселинов, кој потекнува од Македонија, а работи како успешен менаџер во угостителскиот сектор во Мелбурн

To top