Македонија

Промоција на монографијата „Мојот пат“ – културен настан посветен на Антон (Тони) Баталаковски

На 3 март 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски – еден од позначајните личности во историјата на македонскиот балет.

На 3 март 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски – еден од позначајните личности во историјата на македонскиот балет. Автори на монографијата се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. Александар Трајковски.

Книгата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Македонија и го опфаќа животниот и професионалниот пат на Тони Баталаковски, низ поројот на настани, судбински предизвици и остварени соништа.

Монографијата содржи интерпретативен приказ на неговата сценска дејност, педагошката и репетиторската работа, како и бројни сеќавања за ликот и делото на уметникот. Како првенец на Балетот и како прв директор при тогашното МНТ – ООЗТ Балет, Тони Баталаковски со својата визија и посветеност остави длабок и траен белег во институционалниот и уметничкиот развој на македонскиот балет. Монографијата „Мојот пат“ претставува сведоштво за едно време, една професија и една исклучителна животна мисија, оставена како трајно културно наследство за идните генерации.

Ве покануваме да присуствувате на овој значаен културен настан.

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

Мицкоски: Иднината на глобалниот развој на светот ќе ја дефинираат вештачката интелигенција и енергијата

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти истакна дека иднината на глобалниот развој ќе биде дефинирана од вештачката интелигенција и од енергетскиот сектор.

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top