Македонија

Се пополнува тимот од странски стручњаци, кои треба да согледаат дали се правеле непотребни срцеви операции во приватните болници

Странските стручњаци ќе бидат ангажирани, за да се утврди вистинската слика со поголема објективност.

Стручњаци од Словенија, Италија, Австрија, или Германија, ќе утврдуваат дали се правеле непотребни операции во приватните болници во Македонија. Како што најави министерот за здравство Азир Алиу, листата со имиња на странските експерти треба да биде пополнета денеска. Пред три дена Алиу посочи дека еден експерт ќе биде од Словенија, за вториот е решено да биде од Италија, а третиот ќе биде од Австрија, или Германија.

Министерството за здравство со нив ќе потпише договор, за да утврдат дали се вршеле непотребни интервенции кај пациенти во приватните клиники во Република Македонија. Според министерот Али, странските стручњаци ќе бидат ангажирани, за да се утврди вистинската слика со поголема објективност. Тој дополни дека приватните здравствени институции ќе мора задолжително да ги отворат нивните бази на податоци, со цел да се следи здравствената патека на секој граѓанин.

„Веќе работи комисија кај нас, ако има законски пречки да се отстранат веднаш. Ќе упатиме писмо до сите приватни здравствени институции од 15. наредниот месец да мора задолжително да ги отворат базите, за да може да ги собереме сите информации, кои ги има таму во нивните институции. Ова е право на државата. Секој граѓанин директно, или индиректно придонесува кон здравствениот систем во државата и кон Фондот и затоа мора да бидеме во тек со здравствената патека на секој граѓанин во Македонија.“ – изјави Азир Алиу.

Директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски веќе ги повика да поднесат жалби сите граѓани, кои се можеби оштетени во кардиохирургијата, како и сите други пациенти. Изјавата на Клековски уследи, откако кардиохирургот Сашко Кедев се огласи сосериозни тврдења дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции, заради здобивање профит, вклучувајќи и стентирања и операции. По оваа изјава Министерството за здравство најави формирање комисија со експерти од три различни земји, заради контрола на работењето на приватните здравствени институции, но и продолжување на контролите во јавните здравствени установи.

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top