Македонија

Пронајден возачот кој прегази девојче и – избега

11 годишното девојче со тешки телесни повреди било пренесено во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза

Полицијата соопшти дека го пронајде возачот С.Б.  кој пред 3 дена удри 11-годишно девојче во Скопје и потоа избега од местото на несреќата.

Несреќата се случила на 16 март околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улиците Васил Ѓоргов, сервисната улица и Народен Фронт, кога патничко возило ја удрило малолетничката и веднаш го напуштило местото.

Девојчето со тешки телесни повреди било пренесено во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза, од каде во 16:10 часот случајот бил пријавен во полиција.

По интензивна потрага, возачот е лоциран и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Тој се товари за „тешки дела против безбедноста во сообраќајот“, како и за неукажување помош на повредено лице.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top