Македонија

Пронајдено тело со прострелна рана во близина на Виница – уапсени четири лица

Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место во близина на Виница каде беше пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје.

Основното јавно обвинителство од Кочани изврши увид на лице место во близина на Виница, каде беше пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје.

Со преземените дејствија до овој момент, починатиот е идентификуван како ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов.

Во тек се интензивни дејствија за обезбедување на докази, вршат се претреси и се спроведуваат соодветни вештачења на траги.

Задржани се тројца странски државјани и еден македонски државјанин, кои биле дел од групата за комерцијален лов. Со нив се врши испитување за евентуална инволвираност во пукањето.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

To top