Македонија

Простачките совети на Фрчкоски се за стотина поразени ментални евнуси – пишува Драган Милосављевиќ

Нема да се случи, пројде возот. Но, кој да ти каже Ивана,, кога си го промашил перонот, а времето едноставно те прегазило

Професорот Фрчкоски напишал колумна. По обичај, интересна, дури и забавна. Полна со навреди кон мнозинството од граѓаните на Македонија и “советодавна” кон оние што ги нарекува левица/либерали. Тоа се според мене, не повеќе од стотина ментални евнуси, но сепак и тие имаат право да добијат совет. Чудовишните навреди нема што да се коментираат.

Сељачки и простачки изрази на немоќ не треба да бидат предмет на никаква расправа, доволен е само чист, прекрасен, велелепен презир. Инаку во колумната, профата сосема непотребно, цитира купишта автори, па во еден момент меѓу нив го додава и Тричковски. Што да се каже за типус кој во ист текст ги цитира Ниче, Жижек и Тричко? И не се шегува, сериозен е….

Но да се вратиме на советите кон левицата/либералите. Требало да се осмелат и да ги превреднуваат сите вредности, токму според ничевскиот модел. Да излезат од комфор-зоната, смело да обзнанат нови парадигми. Сериозно?

Ана Чупевска и Венко ќе и понудат на нацијата нови, современи, би рекол и дрско храбри патеки на либерален патриотизам врз база на скромност?

Идеолози во тој подвиг ќе бидат, верувам, професорот лично, Тричко и кој знае, можеби Нано Ружин?

Тоа што СДСМ како партија стожер на ова друштвенце и што е поважно, како идеја е целосно пропаднат случај, тоа што скриен лидер и натаму е еден неказнет крадач со три одделенија школо, тоа нема врска. Филозофијата дозволува и такви испади.

Важно е само да се потсети дека десницата е составена од крвожедни и глупи ѕверови зависни од диктатори, да се цитираат без никаква потреба со ништо поврзани мислители и на крај да се поделат мудри мисли кои треба да ги голтне флуидното друштво на поразени елементи, чија единствена врзивна точка е болната желба за власт по секоја цена и готово. Сте завршиле работа.

Понатаму нека мислат тие како да ги отелотворат неговите празни зборови во концепт за ново освојување на власта. Јок. Нема да се случи. Пројде возот. Но, кој да ти каже Ивана,, кога си го промашил перонот, а времето едноставно те прегазило.

Фејсбук статус на новинарот и водител на емисијата Заспиј ако можеш Драган Милосављевиќ

Најнови вести од: Македонија

Израелската амбасадорка Аисен ги поздрави акциите на македонските власти за истрага на обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница

Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување

(Фото): CNN ја стави Македонија на туристичката мапа како атракција

Оценките на CNN доаѓаат во време кога туристите сè повеќе бараат автентични искуства надвор од стандардните европски рути, што дополнително ја позиционира Македонија како дестинација со голем потенцијал.

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

To top