Македонија

Пушачи во кафеани ќе влегуваат од посебен влез во посебен простор

Предлог-законот за заштита од пушење на 24 март влегува во Влада и носи нови правила за угостителските објекти

Во угостителските објекти ќе мора да има јасна физичка поделба меѓу пушачите и непушачите, а во некои случаи и посебен влез, предвидува новиот закон за заштита од пушење кој наскоро ќе се најде пред Владата.

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека по бројни реакции од угостителите и тутунската индустрија, направени се дополнителни анализи и разговори, по што решенијата се прилагодени.

„Сите отворени прашања се затворени. Очекувам законот брзо да помине и нашата земја да биде препознаена и на европско ниво “,  изјави министерот Алиу на денешната прес-конференција.

Една од клучните новини е што терасите ќе можат да функционираат како дел за пушење и со две отворени страни, наместо претходно предложените три.

Најголемата обврска за сопствениците на локали ќе биде да обезбедат одвоен влез за делот каде што не се пуши, со цел да се заштитат граѓаните кои не консумираат цигари.

„Целта е секој непушач да може да влезе во објект без да биде изложен на чад, а пушачите да имаат јасно определен простор“, вели  министерот.

Властите очекуваат со новите мерки во наредните години значително да се намали бројот на пушачи во земјава.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top