Македонија

Распишан конкурс за „Роман на годината“

Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2026 година.

Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година.

Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ул. „Максим Горки“ бр. 18, Скопје) секој работен ден од 9 до 15 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје.

Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: romannagodinata@gmail.com

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2026 година и да ја објави на прес-конференција.

Наградата „Роман на годината“ годинава ќе се додели 27-ти пат.

Романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска („Или-или“, 2024) е лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2024 година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за два, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top