Македонија

Разидувања во Владата на Бугарија?! – МВР дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини, но за МНР Чамова „тоа ќе биде контрапродуктивно за Бугарија“!

Бугарското Министерство за внатрешни работи дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини на 21 Јуни. Блокадата, која ќе трае 2 часа, е организирана од антимакедонската бугарска Фондација Македонија. Во најавата за блокадата на Деве Баир, Делчево и Ново Село се вели дека протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија. Но, министерката за надворешни работи од истата Влада на Бугарија нагласува дека „ваквите иницијативи не се поврзани со активностите на бугарската влада и не придонесуваат за заштита на националниот интерес на Бугарија“! Значи ли ова дека за истата тема има разидувања во бугарската извршна власт?!

Иницијативите за блокирање на бугарско-македонската граница се контрапродуктивни и можат да му наштетат на ставот на Бугарија во односите со Македонија, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова Чамова во врска со најавената блокада на три гранични премини на 21 јуни. – Во секој случај, ваквите акции ќе бидат контрапродуктивни – рече министерката.

Според неа, ваквите иницијативи не се поврзани со активностите на бугарската влада и не придонесуваат за заштита на националниот интерес на Бугарија. – Разбирам дека постои можност невладините организации или други структури да организираат вакви настани, но од наша страна е важно да се одржи многу цврста позиција со јасно изразени права што ги браниме – рече Петрова Чамова.

Таа нагласи дека Бугарија нема интерес за ескалација на тензиите со соседната земја. – Нема потреба дополнително да се влегува на патот на ескалација и да се одговара во секој случај во кој има таква провокација – истакна министерката. Според неа, Бугарија има доволно дипломатски механизми со кои може да ги заштити правата на Бугарите во Македонија и да ги брани своите ставови пред европските институции.

Антимакедонската бугарска Фондација Македонија на 21 јуни два часа ќе ги блокира трите граничните премини на македонско-бугарската граница: Деве Баир, Делчево и Ново Село. Целта, според најавата, е да му се покажело на македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека не може да продолжи со наводниот прогон на Бугари во Македонија. Блокадата следува по инцидентот во кој еден сторител запали две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје.






Најнови вести од: Македонија

Младите умни ученици покажуваат дека во науката и Давид може да го победи Голијат

Претседателката Сиљановска-Давкова и министерката Весна аневска изразија желба догодина повторно да се сретнат со уште поголем број ученици, добитници на признанија за постигнатите успеси во натпреварите ширум светот

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

To top