Македонија

,,Размисли убаво, имаш фамилија!” , пеколен одговор до обвинителката Ленче Ристовска од лице кое го гонело СЈО

Нечовечки пораки поврзани со обвинителството

Лицето Мартин К. кој доживувал трауми од страна на поранешното СЈО ги коментира полските на обвинителката Ленче Ристовска која се пожали дека чувствувала притисок од ВМРО-ДПМНЕ.

Мартин К. ја потсетува Ристовска дека вистинскиот нечовечки притисок го правеле обвинителите на СЈО.

Мартин К. не сака Ристовска да го доживее тој притисок кој го правеле луѓето од СЈО но се надева дека ќе одговараат за своите злодела.

,,Интересен избор на зборови од некогашниот ʼЧарлиев ангелʼ, од ѕвездата во подем, од главниот стрип јунак и ѕвезда во документарен филм кој македонската кинематографија дотогаш немаше видено…. Доживувала притисок и заплашување од партиско соопштение?! 😳🤷‍♂️

Не си ти Ленче единствената таму, сите сте подеднакво виновни и се надевам дека еднаш, некогаш ќе дојде тој ден кога сите вие кои бевте дел од таа квази институција ќе одговарате за злоделата кои ги правевте глумејќи ʼЕлиот Несʼ. Оштетување на државниот буџет, (за што постои ревизорски извештај, по кој по дефолт требаше сите да бидете суспендирани и сите случаји кои ги водевте и покренавте по распадот на тоа криминално дувло требаше да бидат ништовни, а не да ги пренесете на салфетка во редовното ЈО и сите вие заедно со нив да се натокмите на високи позиции), за злоупотреба на службена положба, за несовесно работење во служба и подметнување на докази, за заплашување и уценување на сведоци со цел давање лажни изјави и така натаму, и така наваму…”, пишува Мартин К. кој се обидува на Ристовска накратко да и објасни што е притисок и заплашување за обвинителката да може да направи проста споредба.

,,Притисок и заплашување, драга Ленче е кога по ваша наредба МВР им упаѓаше на луѓето дома во 5 саат сабајле и ги апсеше како најголеми криминалци, без никаков доказ. Кога со истите решенија на кои само менувавте име и презиме, судија на претходна постапка ви стоеше мирно и одредуваше притвор како да дели ужинка на деца од целодневна настава!

Притисок и заплашување е кога на пример на секои 3 месеци пуштавте барање за прибирање на документација иако еднаш претходно веќе ви била доставена, ама секој обвинител посебно си доставуваше барање. Случајно нели. За тие 5 години ваше постоење сум однел 16 полни класери со документи. И кога тоа не било доволно, секој следен месец се јавувале полукриминални ликови кои се претставувале како истражители барајќи средби по некои полутемни дупки барајќи нови документи и информации или правеле упад па си одземале сами оригинални документи и немало на кого да се жалиш, бидејќи нели, вие бевте и кадија и судија.

Притисок и заплашување, уште по драга Ленче е кога на секои 3-4 месеци те вика нов обвинител, некој и по два-три пати, а таму бевте 10 такви, за секакви глупости, со истата сценографија шетање во круг и дување дим од цигари во лице како сцена од ефтин источно германски филм од 78ма и реторика од типот, ʼразмисли убаво, имаш фамилија!ʼ од тоа дали сум донирал крв и пари на партијата, до тоа дали и кој ми рекол за ова или за она, па до тоа од кај го познаваш овој или оној и зошто…

Во кратки црти, тоа е притисок и заплашување, најдрага Ленче. Ама ти не знаеш ништо за тоа. И се надевам дека нема никогаш да дознаеш.

Ама, се надевам дека ќе одговарате за своите злодела, порано или подоцна!”, пишува една од жртвите на СЈО кон кого се изживувале луѓето под команда на Катица Јанева.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

Нова трагедија со паѓање од балкон овојпат на 10-годишно дете во Тетово

„Денеска, на 3.03.2026 година околу 9 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово. Животот го изгубило по паѓањето од балконот.“ – соопшти денес тетовска полиција.

To top