Македонија

Разрешена од функцијата заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ

Вели дека во досегашното работење како пратеничка и членка на пратеничката група не ѝ било укажано на проблем што би бил причина за ваквата одлука

Пратеничката Славвјанка Петровска во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, соопшти дека на вчерашната координација дел од присутните пратеници биле известени дека раководството на СДСМ, предводено од претседателот на партијата, донело одлука за нејзино разрешување оид функцијата заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ.

Петровска посочи дека во досегашното работење како пратеничка и членка на пратеничката група не ѝ било укажано на проблем што би бил причина за ваквата одлука.

„Можам да претпоставам дека е тоа затоа што јас во рамките на она што го работам и како пратеник во Собранието, како дел од пратеничката група, не гледам некои забелешки и не ми беше посочено нешто драматично, да речам, заради кое што би требало да бидам разрешена“, изјави Петровска.

За губењето на партиската функција, таа истакна дека позициите не се трајни и дека „ Научена сум да не се врзувам за нив и секогаш знам дека, како велат, секое лошо за добро е“.

Петровска порача дека на СДСМ сега му е потребен тим со знаење, политички капацитет и искуство за надминување на кризата, но декаво овој момент себе не се гледа како партиски лидер.

„Природно е да имам амбиција. И јас, за разлика од другите, ќе бидам многу искрена и ќе кажам дека да, имам, но јас не сметам дека сега треба да бидам претседател на СДСМ“, изјави Петровска.

Говорејќи за тоа какво раководство ѝ е потребно на партијата, таа нагласи дека личните амбиции не треба да бидат во преден план. Според неа, потребно е да се обединат луѓе кои имаат знаење и искуство да одговорат на предизвиците со кои се соочува СДСМ.

 

 

Најнови вести од: Македонија

To top