Македонија

Речиси целата држава под ризик од пожари

Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен

Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја), соопшти Центарот за управување со кризи.

Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на Република Македонија.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа, и да не се користи оган на отворен простор. Доколку се забележи пожар, веднаш да се пријави на 112.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

To top