Македонија

Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата

Оваа одлука доаѓа во период на зголемена нестабилност на енергетските пазари, кога цените на нафтата и дериватите се под притисок на глобалните случувања.

Регулаторната комисија донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати. Цената на бензинот еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денари за литар и од полноќ ќе изнесува 83,50 денари. Цената на бензинот еуросупер БС-98, не се менува, останува на исто ниво од 85,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот (Д-Е V), се зголемува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 98 денари.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 83,50 ден/литар

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 85,50 ден/литар,

Дизел ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 98,00 ден/литар

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 95,50 ден/литар

Мазут М-1 НС: 51,311 ден/килограм

Регулаторната комисија дополнително ги повика нафтените компании да го вкалкулираат обезбедениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА, со што граѓаните ќе можат директно да го почувствуваат ефектот: поевтинување од 3 ден/литар за дизел и 2 ден/литар за бензин.

  • Доколку не се продолжеше времетраењето на намалениот ДДВ и не се интервенираше во акцизата, цената на бензините ќе беше повисока за 8,50 ден/литар, а дизелот за 12,00 ден/литар – потенцираат од РКЕ и велат дека интервенцијата овозможува поевтини горива и стабилност на пазарот.

Намалувањето на цените е дел од мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на економијата во услови на глобални флуктуации на нафтениот пазар. Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека Регулаторната комисија ја донесе одлуката согласно владината одлука за намалување на акцизите.

  • Овозможивме Регулаторната комисија да ги намали акцизите за дизел од 4 денари по литар, а за бензините од 2 денари по литар. Исто така, во разговор со ОКТА, лично разговарав и со раководството на ОКТА во Атина, но и со раководството на, односно со „Хеленик Петролеум“ и ОКТА тука во Скопје, успеавме да обезбедиме дополнителен период од еден месец за попустот од 3 денари за дизел и 2 денари за безоловен бензин. Кога сето ова ќе се стави во функција, за бензините треба да имаме поевтина цена, а за дизел не би требало да имаме покачување на одредени бензински пумпи, и покрај сериозната предизвикувачка состојба не само во државата, туку насекаде низ светот – истакна Мицкоски.

Премиерот рече дека состојбата со резервите на гориво е стабилна и место за паника нема. Владата ја намали акцизата на горивата со цел стабилизирање на цените. Дизелот поевтинува за четири, а бензините за два денари по литар.

Останува и повластената стапка на ДДВ-то од 10% за горивата со важност во наредните две недели. Оваа одлука доаѓа во период на зголемена нестабилност на енергетските пазари, кога цените на нафтата и дериватите се под притисок на глобалните случувања. Според Владата, засега нема да се ограничи точењето на горива за странци, иако според премиерот, притисокот на пограничните места бил поголем. Во меѓу време, нафтата надмина 109 долари за барел, а дел од европските берзи претежно се затворени.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

To top