Македонија

Револт во огранокот на ДУИ во Сарај: Многу погреши, Ахмети, Таравари те нарече „лице со ментални проблеми“, а ти му ја препушти оваа општина, но ние ќе зборуваме на локалните!

Огранокот на ДУИ во Сарај го отфрла договорот на Али Ахмети и АА на Таравари за оваа општина на локалните избори

„Од огранокот на ДУИ во Сарај не можат да им простат на Али Ахмети и на Блерим Беџети, што им ја препуштија општина Сарај на Арбен Таравари и на неговата Алијанса за Албанците.“ „Али Ахмети, Арбен Таравари те нарече лице со ментални проблеми, а ти му даде моќ и во Сарај, каде што овој човек никогаш не бил пожелен за гласачот од оваа општина!“ – му порача огранокот на ДУИ од Сарај на својот лидер Ахмети. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својата информација со наслов „Голема скршеност во Сарај: активистите на ДУИ се чувствуваат предадени“.

Натаму порталот пишува: Од огранокот на ДУИ во Сарај велат дека 10 илјади гласови одат курбан за 900 на АА на Таравари и оти оваа одлука им ги крши срцата на активистите на ДУИ.

Од овој огранок му се обратија на лидерот на ДУИ Али Ахмети:
„Али Ахмети, ти погреши многу за Сарај.
Сарај е најсилниот огранок во ДУИ, кој со своите активисти те правеше победник во секој изборен круг
Револт кај секој активист, со спуштена глава, скршен, разочаран.
Али Ахмети, Арбен Таравари те нарече лице со ментални проблеми, а ти му даде моќ и во Сарај, каде што овој човек никогаш не бил пожелен за гласачот од оваа општина.
Десет илјади и повеќе гласови од ДУИ ти ги даде за 999-те гласови од АА на Таравари.
Но, вистинскиот гласач ќе зборува во октомври! – напиша во објавата огранокот на ДУИ во Сарај – пренесе „Фол“.

Најнови вести од: Македонија

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ.

Најнови вести

To top