Македонија

Ристески: Има голем интерес за Законот за работно ангажирање, најмногу од угостителството каде сега недостига кадар

Има голем интерес за Законот за работно ангажирање, а Министерството за економија и труд ги продолжува информативните средби низ сите региони да се објаснат предностите на Законот, вели заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески

Има голем интерес за Законот за работно ангажирање, а Министерството за економија и труд ги продолжува информативните средби низ сите региони да се објаснат неговите предности, вели заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

-Интересот на инфо-средбите е многу голем. Целта наша е да ги анимираме и да ги информираме сите од опфатените дејности: земјоделството, угостителството и од услужните дејности. Понатаму, државниот трудов инспекторат да почне да го спроведува овој Закон на лице место, вели Ристески.

Според него, во Агенцијата за вработување се склучени десетици договори, а најмногу се од угостителската дејност. Се остава простор непрактичните делови од законот да бидат променети.

-Има повеќе десетини апликации во Агенцијата. Ова е премалку, но на информативните средби ги подготвуваме сите и ги поттикнуваме да прашаат што не им е јасно. Овој закон е дел од реформата на Европската Унија во контекст на сузбивање на сивата економија. Доколку има одредени делови  кои прават непрактична примена на Законот, ние ги заведуваме и доколку има можности понатаму да направиме одредени промени. Најголем е интересот од угостителството каде овој период се чувствува недостигот од кадар, вели Ристески.

Инаку, во Прилеп за околу 30 проценти има недостиг од кадар во угостителството. Најмногу зашто сезонците заминуваат на работа, претежно, во Хрватска. Дел ќе се замени со младите и студентите, а ќе се најстојува и за дефицитарниот професионален кадар да се најде нов.

-Сд чувствува недостигот од кадарот. Недостасуваат келнери, шанкери, готвачи, пица мајстори. Ќе ја искористиме можноста што ја дава Законот заработно ангажирање и ги чекаме средношколците и студентите да завршат со учебната година. Главно за келнери, шанкери. За другиот професионален кадар ќе бараме кај другите невработени или пензионирани лица, вели Јорданчо Момироски, претседател на здружението на угостители „меанџии“ од Прилеп.

Во Прилеп се околу 90 угостителски објекти и има преку 800 вработени.

Законот заработно ангажирање лица кој започна да се применува од 1 јануари, опфаќа сезонско пријавување на ангажираните лица во угостителството, земјоделството и услужните дејности. Опфатени се младите, неврабтените, пензионерите, лицата од социјалните категории. Ќе бидат пријавени и дополнително ќе заработуваат без да ги загубат другите привилегии што ги користат.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top