Македонија

Ристески: Комисијата за заштита на конкуренција работи на триестина предмети, кои наскоро ќе бидат објавени, за наредната година ќе се зголемуваат и казнните

По Законот за нефер трговски практики

Законот за нефер трговски практики е одличен којшто првпат го регулира односот помеѓу добавувачите и трговците во Македонија и тој е прв таков Закон кој се имплементира во земјите од Западен Балкан, истакна денеска од Штип заменик -министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој посочи дека од она што го имаат  увидено и од функционирањето, бидејќи тој Закон е под надлежност на Комсијата за заштита од конкуренција, беа откриени неколку картели, кои беа поврзани со едно, како што вели, неправилно и непазарно покачување на цените на одредени производи во маркетите.

-Пред се, ги знаете и казните кои беа изречени за маркетите и за Стопанските комори, кои учествуваа во тоа организирање. Знаеме дека и во однос на другите закони, Закон за заштита на потрошувачи имаа картелско здружување и откриено осигурателни компании итн. Има уште 30-тина други предмети, коишто се во тек, се работат и за брзо време ќе слушнете, какви се резултати има Комисијата за заштита на конкуренција, која мора да ја пофалам дека ги дава и првите резултати, а тоа во многу ќе значи пред се за почитување на пазарните принципи на економијата во Македонија, да не се изигруваат тие, да немаме картелски здруженија, а од друга страна се она што е предвидено со Законот за заштита на потрошувачи треба да го почитуваат пред се трговците, меѓутоа и добавувачите, рече Ристески.

Тој ја пофали и работата на инспекторите во Државниот пазарен инспекторат, кои имаат секојдневни контроли.

-Да ги пофалам и нив дека во текот на оваа година имаат направено преку 20.000 надзори и досега се изречени преку 150 милиони денари казни за оние кои не ги почитуваат законите во Македонија, а се поврзани со формулирањето на цените на стоките, кои директно ги погодува стандардот и џебот на граѓаните. Тоа е некаде околу 2,5 милиони евра и врз база на тоа ќе се градат понатамошните политики, посочиРистески.

Заменик-министерот за економија и труд најави дека ќе се зголемуваат и казните во Законот за заштита на потрошувачи.

– Сметаме дека наредната година повеќекратно ќе биде зголемена казната, која сега изнесува 20.000 евра, меѓутоа сметаме дека тоа е многу мала казна за поголемите трговци и маркети, коишто можат да ја поднесат оваа казна и да продолжат со едно такво неправилно работење. Доколку повеќекратно се зголеми, тогаш верувајте дека ефектите ќе бидат поголеми, а секако тоа е во интерес на заштита на животниот стандард на граѓаните, рече Ристески.

Прашан, дали Владата размислува за правење на новогодишна кошничка, со која би се намалиле цените на прехранбените производи, Ристески со став дека кошничките беа направени поради големото галопирање на цените, кое било предизвикано од едно неправилно, неекономско пазарно работење во претходниот период и, како што вели, „горе-доле се стабилизирани цените, иако се се уште многу високи, бидејќи степенот на инфлација е стабилен и е некаде околу 4 проценти, се уште е висок и тенденцијата е да се намалува степенот на инфлација“. Тој додаде дека со овие кошнички можеби се намалуваа цените, но по нивното завршување се бележеше и покачување на цените и зголемување на инфлацијата.

-Спрема тоа понатаму ќе ја следиме ситуацијата, никогаш не е исклучена ниту една мерка од страна на Министерството за економија и труд и Владата, но не е само овие кошнички ограничување на маржи, има и други начини и методи како да се влијае. Меѓутоа ние сакаме самата пазарна економија во иднина да ги стабилизира цените и да постепено се подобрува животниот стандард, рече Ристески.

Тој истакна дека Владата за наредната година има проекција на инфлацијата од 2 до 3 проценти што е еден европски просек и нормална стапка на инфлација.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

To top