Македонија

Ристовски: Организаторите МОК и Град Скопје во последен момент побараа помош од Влада

Сѐ што било побарано од Владата и Министерство за спорт, во однос на логиостика и финансиска поддршка, е исполнето во целост вели министерот

Министерството за спорт не е организатор на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ 2025, oраганизатори на овој спортски фестивал што се одржува деновиве во Македонија се Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Град Скопје.

Сѐ што беше побарано од нас како Влада и како Министерство за спорт во однос на логиостика и финансиска поддршка, го исполнивме во целост за да помогнеме во одржувањето на овој спортски настан, појасни министерот за спорт Борко Ристовски во вечерашното гостување во Дневникот на МТВ.

Ристовски посочи дека државата преку Министерството за спорт финансиски го помогна одржувањето на ЕМОФ 2025 со над еден милион евра и ги стави на располагање дел од сместувачките капацитети во студентските домови во Скопје.

@Сите оние капацитети што ги има државата беа дадени на користење и сите оние барања кои беа доставени и од Град Скопје и од МОК ги исполнивме во целост. Ние како Влада и Министерство за спорт вложивме над еден милон евра за помош во организацијата на овој спортски фестивал, но тоа е само во делот на тоа што беше побарано од нас од страна на организаторите. Ние немаме апсолутно ништо со организацијата на ЕМОФ 2025, нити може да имаме затоа што не сме организатори. Во последен момент МОК и Град Скопје побараа поддршка од нас и помош и ние тоа во целост го исполнивме#, истакна Ристовски.

Од 20 до 26 јуни во Скопје и во Куманово се одржува ЕМОФ 2025 на кој настапуваат над 4000 млади спортисти од 49 европски земји. Во изминативе денови имаше бројни реакции околу пропустите во организацијата на овој голем спортски настан најчесто упатени на погрешна адреса.

„Јас сум свесен за реакциите, но мора сите луѓе и јавноста да знаат дека оваа организација е добиена пред две години и дека ниту тогашната ниту актуелната Влада нема потпишано никаква согласност дека ќе даде поддршка за одржување на вакво големо натпреварување од светски карактер во Македонија. Ние како Министерство за спорт сме затекнати во оваа ситуација и она што можевме да направиме беше да помогнеме во тоа што беше побарано од нас“, рече Ристовски.

Министерот за спорт нагласи дека вакви сериозни натпреварувања се организираат најмалку две години и дека организаторите мора навремено да ги опфатат сите аспекти за да нема посериозни пропусти.

„Ние пристапивме во таа помош во последните два месеци кога тоа беше побарано од нас. Владата одобри финансиски средства и помош за организација. Обезбедивме 50 автобуси што беа побарани од нас, обезбедивме 150 кревети кои беа побарани за да се стават во студентските домови за да бидат потполно опремени како што ни побараа организаторите, обезбедивме кетеринг за дел од делегациите и ги дадовме на располагање сите оние државни капацитеи во студентските домови без надоместок“, рече Ристовски.

-Ако мене ме прашувате, сите учесници на оваа спортска манифестација требаше да бидат сместени во хотели. Но за жал, за овој голем настан немаме доволно хотелско сместување. Сите оние капацитети кои организаторите ги побарале на време се резервирани, како што сум информиран 28 хотели се директно закупени во Македонија. А другиот дел од учесниците се сместени во студентските домови. Организаторите од нас побараа да ги обезбедиме тие капацитети и ние тоа го сторивме, дури во последне момент направивме и некои дополнителни корекции во рамките на временските можности, соопшти Ристовски.

Министерот за спорт истакна дека организација на една ваква голема спортска манифестација со толкав број млади спортисти носи голема одговорност и бара многу посериозен пристап, нагласувајќи дека настан од ваков формат треба да донесе бенефит за државата и за македонскиот спорт.

„Јас и претходно на еден состанок во Владата со претставници на МОК, кажав дека за ваква организација треба многу посериозен пристап и многу посериозен буџет од оној што организаторите го имале обезбедено. Бевме многу вниметелни во однос на тоа како настапуваме и што ќе биде нашата поддршка. Укажав дека на начинот на кој се постапува ќе има многу недостатоци во организацијата. Ситауцијата е таква каква што е. Ние во овој момент правиме сѐ што е во наша моќ да ги „подзакрпиме“ тие дупки што се настанати од организаторите.

Мора да бидеме свесни дека настан од ваков формат треба да донесе бенефит за македонскиот спорт, прво и основно со самиот факт што на оваа европска спортска манифестација Македонија како домаќин е застапена со рекордни 181 спортист во сите 15 спортови“, нагласи Ристовски.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години

Според Муцунски, по повеќе од 20 години, свеста на Ахмети останува заглавена во тие времиња, особено во однос на предлозите за избор на Влада со Бадентерово мнозинство во парламентот и одлучување во Уставниот суд со двојно мнозинство за закони донесени со тој механизам.

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Велика Британија

Во интервјуто за „360 степени“ на Првата програма на Македонската телевизија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека и покрај тоа што најповиканите во државата – претседателката, премиерот, министерот за надворешни и министерот за внатрешни работи, одговориле на темата, опозицијата одлучи сè уште да ја шири таа паника.  Тој смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава шпекулативно ја отвориле медиуми од Велика Британија и тоа не само за Македонија. „Таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало, ниту ќе има. Во ниедна форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Велика Британија.“ – нагласува министерот Муцунски.

Послеконгресно „лавовско ревење“ на Ахмети: Не сум претставник на мачките, туку на лавовите! Ако излезам на улица, повеќе не се враќам!

На денешната предновогодишна средба со новинарите лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека „планот А останува развој и напредок на државата“. Тој изрази „надеж“ дека „нема да оди по план Б“. „Ако излезам на улица, не се враќам повеќе дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови!“ – додаде Ахмети. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“. Што содржи „планот Б“ на „претставникот на лавовите“ – Али Ахмети?! Кому и поради што му се заканува со можно „излегување на улица“, ако не му се исполнел „планот А“, бездруго она што го договориле на нивниот саботен Конгрес?!

To top