Македонија

Родено „најстарото бебе“ на светот! (ВИДЕО)

 Тадеус Даниел Пирс е роден на 26 јули од ембрион замрзнат пред повеќе од три децении

 

Родителите Линдзи и Тим Пирс од Охајо, лани посвоиија ембрион замрзнат во 1994.

Двојката дури и не одеше во основно училиште во таа 1994-та година.

„Не влеговме во тоа мислејќи дека ќе срушиме никакви рекорди. Само сакавме да имаме бебе“, изјави Линдзи за MIT Technology Review.

Претходниот рекорд за најстаро бебе го држеа близнаци родени во Орегон во 2022 година, кои беа родени од ембриони замрзнати 30 години претходно.

Ембрионот на Тадеус првично бил создаден за време на ин витро фертилизација (ИВФ) за Линда Арчерд и нејзиниот тогашен сопруг, кои се бореа таа да забремени.

Процесот резултирал со создавање на четири ембриони. Еден беше имплантиран во матката на Линда и резултираше со раѓање на ќерка, која сега има 30 години и самата е мајка на 10-годишна ќерка.

Останатите три ембриони беа замрзнати.

Проценките покажуваат дека милиони, можеби десетици милиони ембриони се замрзнати низ целиот свет како резултат на вишокот процедури за ин витро оплодување, кои произведуваат многу повеќе ембриони отколку што можат да се имплантираат.

 

Најнови вести од: Македонија

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

To top