Македонија

Родителите од Кочани бараат од владата парично обештетување за настраданите

Во Собранието денеска се одржува седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во Собранието денеска се одржува седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со едноминутно молчење, присутните изразија сочувство до семејствата на настраданите во пожарот.

Курир пренесува дека родителите од Кочани од Владата бараат парично обештетување за настраданите. Според некои од нив, другите случаи кои се дел од Постојаната анкетна комисија, трагедиите со Дурмо турс и Модуларната болница поминале со подобро справување во време на Зоран Заев и Венко Филипче.

Марија Петрушова, претставник на Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ нагласи дека нивното барање е овој случај да се разгледа како сериозна повреда на човековите права, со посебен акцент на правото на живот.

-Ние сме овде не само за да жалиме за нашите деца, туку и за да бараме правда за нив. Не можеме да останеме безгрижни, како што тоа го прават оние кои беа задолжени да го чуваат нашиот живот. Поради нивната немарност, корупција и неспособност да го исполнат своето основно назначување, нашите деца се мртви, а многу други остануваат изложени на истиот опасен систем. Оваа трагедија не е само поради една погрешно запалена искра, туку последица на системски пропусти кои го загрозуваат најосновното право – правото на живот, безбедност и праведност. Она што го доживеавме не е само институционална неефикасност – тоа е системска опасност за сите граѓани. Нашите барања се: итна и целосна институционална поддршка за сите семејства на починатите во пожарот во Пулс – Кочани, јасен и официјален одговор за причините за продолженото доцнење и целосната неактивност на институциите, утврдување конкретни рокови за завршување на сите постапки поврзани со поддршката, разгледување на сите преостанати точки од веќе поднесеното барање. Владата има законска, морална и човечка обврска да постапи јасно, праведно и одговорно. Да покаже грижа, солидарност и чувствителност кон семејствата кои претрпеа ненадоместлива загуба. Нашите деца го заслужуваат тоа. Нашата болка го заслужува тоа, рече Петрушова.

Потенцира дека наместо брза и темелна истрага, како што рече, ги дочекале одложувања, политички калкулации и селективно гонење.

-Наместо сите одговорни да бидат во притвор, ние – во нашата најголема болка – сме принудени да бараме и молиме државата да ги гони виновниците. Ветувањата дека „никој нема да биде поштеден“ останаа само празни зборови. Денес гледаме дека се процесираат само оние „најдолу“, додека носителите на функции – еднакво одговорни – кои од првиот
момент требаше да бидат зад решетки, продолжуваат безгрижно да се движат низ градот, додека нашите деца лежат под земја. И уште една забелешка – увидовме дека во истрагата се вклучени бившите министри за економија, државната секретарка во Министерството за економија и директорот на Државниот пазарен инспекторат, несфатливо ни е поради кои причини во истрагата не се вклучени и актуелните функционери на истите позиции, како и бившите и сегашните функционери од сите надлежни институции за издавање на дозволи, согласности, одобренија и надзор за дискотеката „Пулс“. Затоа, сметаме дека е неопходно да го разгледате нашиот случај и да утврдите дека : државата драматично потфрли пред корупцијата и криминалот, а чувството на безбедност е изгубено за секој обичен граѓанин – додека „големите“ остануваат над законот, рече Петрушова.

Таа нагласи дека потребно е да се преземат мерки кои ќе ги спречат идните жртви – да се обезбедат механизми за превенција, да се санкционираат виновниците, и да се гарантира дека правото на живот и безбедност ќе биде приоритет за сите граѓани. Обвини дека во случајот со трагедијата во Кочани, не беше воспоставена ниту една иницијатива од страна на власта која би обезбедила институционална, финансиска или психосоцијална поддршка за семејствата

– Овој факт остава впечаток дека трагедијата во Кочани може да биде ставена во втор план и дека загубените животи не биле вреднувани со истата сериозност и внимателност како во други трагедии, рече Петрушова.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорге Иванов: Дијалогот е единствен пат кон мир и стабилност

Во периодот од 22 до 24 јуни во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери.

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

To top