Македонија

Сајкоски: На кого му пречи што има ред во државата? Кога се разбиени 30 организирани криминални групи треба ли да се напаѓа човекот, кој ги прави нервозни криминалците?!

Ѓорѓија Сајкоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната седница во Собранието ги праша пратениците од опозицијата на кого му пречи што има ред во државата, што нема проблеми со патните исправи, што се разбиени 30 организирани криминални групи, запленети се 300 проценти повеќе кокаин од она што било претходно во време на СДС.

„Денес со поднесената интерпелација од страна на опозицијата или барањето за смена на министерот на МВР се наметнува едно едноставно прашање кое треба да го знае јавноста кога вака се поднесуваат интерпелации, треба право да се знае зошто се бара смена и втора работа дали треба да се бара смена за оние кои работат, оние кои се посветени дали треба да се напаѓа оној кој се труди да работи и што има резултати што е отчетен пред јавноста“, кажа Сајкоски и додаде:

„ Јас гледам дека голем дел од нашите колеги кои се од опозицијата денес се понервозни како и криминалците. Зошто да се бара смена за човек кој од прв ден суштински се посвети да ги решава проблемите. За денес да кажеме дека Македонија е побезбедно место за живеење. Дека Македонија денес нема влез на криминалци туку криминалците гледаат да не бидат тука. Кога зборуваме за Панче Тошковски треба да знаеме и каква катастрофа наследи министерот, хаос на улиците, катастрофа наследи во институциите. Со доаѓањето на власт прв и основен проблем беа пасошите, меѓутоа тоа се реши“, нагласи Сајкоски.

Сајкоски истакна дека пред две години управните служби биле во хаотична состојба, не реконструирани денес се реконструирани, модерни и европски служби.

„Фактите и аргументите укажуваат дека сегашниот министер на МВР пристапил кон решавање на проблемите и направи нови управни служби во неколку места како Шуто Оризари, Сарај, Липково, Желино, Долнени и така натаму. Набавил и ставил во функција машина за лични карти и возачки дозволи за граѓаните да можат навреме да добиваат документи, што пред неколку години тоа беше невозможна мисија“, кажа Сајкоски.

Сајкоски ги праша пратениците од опозицијата на кого му смета што има ред во државата што се запленува дрога што се разбиени 30 организирани криминални групи што се реконструираат управните служби. „Разбиени се 30 организирани криминални групи од кој најголем дел се од областа на трговија со дрога, сузбиени се 11 организирани криминални групи кои правеле меѓународен транспорт. Откриени се над 1600 кривични дела за кои кривично се пријавени 1900 сторители во кои се запленети 6,2 тони разновидна наркотична дрога. Запленети се 300% повеќе кокаин од она што било претходно. Дали некому му смета ова? Дали пречи редот во државата? Заплената на оружје е зголемена за 60 %. Ќе се отвори ново полициско училиште кое било затворено пред 26 години и тоа да не смета некому? Дали смета што се работи“, заклучи Сајкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

To top