Македонија

Самсунг (“Samsung”) доби 77 признанија на “iF Design“ Награди 2026

Самсунг е добитник на две златни награди за дизајни кои ги збогатуваат животите на луѓето и
награден со 77 трофеи во девет дисциплини, од дизајн на производи до корисничко искуство за телевизори, домашни апарати, паметни телефони и други уреди

“Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) е добитник на вкупно 77 награди на Меѓународниот Форум за Награди за Дизајн 2026 (Internacional Forum (iF) Design Awards 2026), престижен германски меѓународен натпревар за дизајн. Меѓу добиените награди и признанија, “Samsung“ е добитник и на Златна Награда за “Samsung Music Studio 5” и “Sustainable Design Identity“ наградата за додатоци за домашни апарати.

Основани во 1953 година како “Die Gute Industrieform e.V”, “iF Design“ наградите оценуваат сеопфатен опсег на фактори, вклучувајќи ги диференцијацијата и влијанието, низ вкупно девет дисциплини: Дизајн на производи; Дизајн на пакување; Комуникациски дизајн; Внатрешна архитектура; Професионален концепт; Дизајн на услуги; Архитектура; Корисничко искуство (“UX”) и Кориснички интерфејс (“UI”).

„Денес, дизајнот е многу повеќе од самите производи или корисничките интерфејси. Тој ги обликува значајните искуства што резонираат кај луѓето“, изјави Мауро Порчини (Mauro Porcini), Претседател и Главен Директор за дизајн на Дивизијата за искуство со уреди (Device eXperience – DX) во “Samsung”. „Дизајнот фокусиран на човекот останува во центарот на нашите напори, продлабочувајќи го целосното препуштање на искуството и унапредувајќи ја одговорната иновација.“.

 

 

Две златни награди како признание за дизајни кои го збогатуваат животот на луѓето

Уредот “Music Studio 5”, на прв поглед е класичен правоаголен звучник, но кога ќе го видиме од поблиску ги открива неговите уникатни детали, како што е ситно перфорираната решетка што ги прикрива аудио единиците со високи перформанси. Динамичното предно осветлување му помага на корисникот лесно да ги идентификува клучните функции, а класичниот дизајн беспрекорно се интегрира во секој простор, истовремено доловувајќи ја елеганцијата на уметнички предмет. Сепак, обликот е нов и чист, сигнализирајќи експресивно присуство во просторијата. “Music Studio 5” исто така може да се поврзе со “Samsung” телевизор преку новиот “Q-Symphony“ безжичен интерфејс, што резултира со вистинско кино-искуство во домот.

Напредните концепти за дизајн на додатоци за апарати, именувани како „Samsung Home Appliances Accessories“, одредија три бои за додатоците, како што се филтрите за правосмукалки и прочистувачи на воздух, во зависност од нивните барања за одржување и начините на фрлање. Преку подобрувањето на дизајнот, корисниците можат полесно да ги препознаат потребите на нивните додатоци, особено ако се заменети или надградени.

 

77 награди во широк опсег на категории од ТВ уреди, домашни апарати, до паметни телефони

“Samsung” е добитник на 77 награди распоредени низ сите дизајнерски дисциплини. Покрај златните награди за „Music Studio 5“ и наградата за Напредни дизајнерски концепти за додатоците за домаќинство, “Samsung” доби награди во категоријата Дизајн на производи за: S95H OLED, телевизор кој се одликува со ултра тенок дизајн без рамки кој наликува на врвна рамка за слика монтирана на ѕид; The Movingstyle, екран кој го надополнува животниот стил и ве следи; Vision AI TV, интерфејс со вештачка интелигенција кој се прилагодува на вашиот контекст; Spatial signage’, 3D дисплеј без очила кој овозможува извонредно визуелно искуство; Galaxy Z Fold7, најнапредната Galaxy Z серија досега, која беспрекорно ги спојува прецизното инженерство и моќната интелигенција за да ги подигне секојдневните интеракции на повисоко ниво и сето тоа во својот најтенок и најлесен дизајн до сега.

Меѓу производите и услугите кои добија признание за извонреден дизајн се и: One UI 7, кориснички интерфејс кој носи подобрувања предводени од вештачка интелигенција, со смел нов дизајн за поголема персонализација и контрола на корисничкото искуство, како и “Home Insight”, функција за паметен дом која го анализира статусот на апаратите и корисничките навики за да препорача оптимални, персонализирани решенија.

Овие 77 награди на “Samsung” ја прикажуваат дизајнерската филозофија на компанијата насочена кон човекот и даваат приказ како технологијата може да стане овозможувач на подобар, подолг и поисполнет живот. Манифестација на човечката страна на технологијата.

 

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Најнови вести од: Македонија

Промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, пред повеќе од 200 гости беше промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“ од француската авторка Аријан де Сен-Марк

Црквата „Св. Атанасиј Велики” под планината Кожуф ќе биде прогласена за споменик на културата

Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација

Димитриеска-Кочоска: Нема простор за паника, нафтени деривати има доволно – инспекторите се на терен

Оваа реакција доаѓа во контекст на зголемена загриженост поради глобалните тензии во Персискиот Залив и можните индиректни ефекти врз увозот на нафта во регионот, иако засега нема индикации за директно нарушување на снабдувањето во Македонија.

Акредитирана лабораторија на ФЕИТ: Со грант од МААЕ ќе се мониторираат 550 здравствени работници

Оваа посета и донацијата од МААЕ претставуваат важен чекор во зајакнувањето на националните капацитети за заштита од јонизирачко зрачење, особено во здравствениот сектор каде што употребата на рендгенски апарати, радиотерапија и други извори на зрачење е секојдневна.

To top