Македонија

СДСМ да се огради од навредите на Фрчкоски кон македонскиот народ, бара ВМРО-ДПМНЕ

Народот не е пијан, ниту мрзлив како што кажува Фрчкоски. Народот е чесен. И народот нема да заборави вакви навреди

 

Љубомир Фрчкоски  брутално го навреди македонскиот народ јавно во етер кој кажа “Ако зборуваме за Македонците со три пива пред гранап, Македонци кои ништо не направиле за својата држава”, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по гостувањето на професорот, екс амбасадор и екс-министер во три мандати во гостување на Канал 5 телевизија

Од владејачката партија велат дека тоа го зборува човек кој долги години ја обликува СДСМ одвнатре и е идеолог на партијата.

„Фрчкоски ги навреди луѓето што го плаќале неговиот професорски хонорар, неговите службени патувања, неговите кампањи.

Фрчкоски покажа дека и тој, и СДС се отуѓена елита, која не го разбира народот туку се потсмева со него.

Народот не е пијан, ниту мрзлив како што кажува Фрчкоски. Народот е чесен. И народот нема да заборави вакви навреди.

Изјавата на Фрчкоски е јавно сведоштво за тоа каква партија е СДС, што со години се однесуваше како да и припаѓа државата, а не да и служи.

А Филипче ,,како до сега“, повторно молчи. Не се оградува од Фрчкоски“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не е неутралност. Ова се јасни ставови на СДС, а тоа што Филипче не се оградува од ваква понижувачка изјава  значи само дека се согласува и одобрува.

Народот гледа, народот слуша, и народот знае. СДС не мора ништо да каже, кажа се со своето молчење.

СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства.

Во СДС ништо ново. И по Заев, Заев“, се вели во соопштението од владејачката партија..

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top