Македонија

СДСМ ги поддржа барањата на телевизиите – Ќе запре ли македонскиот коментар на Арена М

Дали во СДСМ се свесни дека ако помине барањето ќе се елиминира македонскиот јазик популарната програма и македонските граѓани пак ќе слушаат коментари на српски јазик

СДСМ во целост ги поддржува барањата на националните телевизии и јавниот сервис кои предупредија за случувањата со законските сомнежи за влегувањето на српската медиумска машинерија и побараа институциите да постапат.

,,Мора да се истражи во целост и да се утврди одговорност”, објавува СДСМ од каде барањето на националните телевизии да се испита законската основа за програмата на македонски јазик на спортските канали на Арена М го ставаат во контекст на својата дневна политика.

,,Она што се случува е потврдува на сè она за што СДСМ со месеци ја предупредува македонската јавност”, вели Богданка Кузеска во име на СДСМ иако Арена на македонски јазик почна пред само два месеци.

Предходно десетина години траеше битката за македонски коментар на спортските канали Арена и Спорт Клуб.

,,Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, спроведува операцијата за медиумски мрак и во Македонија”, стои во соопштението од СДСМ од каде се свесни дека ако помине барањето на националните телевизии ќе се елиминира македонскиот јазик од оваа популарна програма и македонските граѓани повторно ќе треба да слушаат коментари на српски или хрватски јазик.

,,За ова веќе алармираат и националните телевизии, Македонската медиумска асоцијација кои соопштија дека имаат материјални докази за канали кои подолг период работат без домашна дозвола”, стои во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ сега граѓаните сами го плаќаат сопственото медиумско труење иако во случајов се работи за можност за коментар на македонски јазик кој ќе биде укинат ако се спроведе тоа што го вара СДСМ.

,,Ги повикуваме слободните медиуми, невладините организации, интелектуалците, заедно да се спротивставиме.

Ова е прашање што ги надминува партиските поделби.

Ова е прашање за слободата на медиумите и за демократска Македонија.

Македонија не смее да стане медиумска, политичка и економска колонија на туѓи центри на моќ”, стои во соопштението на СДСМ.

Вчера АВМУ им порача на националните телевизии да ги достават сите докази за евентуален криминал со програмите кои се емитуваат на македонски јазил до Јавното обвинителство.

Ако МРТ и националните телевизии имаат докази за криминал да пријават во обвинителството – АВМУ бара да не се лаже јавноста

Најнови вести од: Македонија

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

Кос: Многу земји имаат заедничка историја – да се насочиме на иднината

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека „иако многу земји имаат заедничка историја, фокусот треба да биде на иднината и на она што може да го постигнат заедно“. „„Многу земји имаат заедничка историја. Добро е што го признаваме тоа, но да гледаме кон иднината и кон она што можеме заедно да го постигнеме“, истакна Кос.

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Најголема желба на Македонија е нејзиниот пат кон Европската Унија и полноправното членство да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата или минатото, порача денеска македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција по Министерскиот состанок за Коридорот 8 во Софија, одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од денешната средба со неговата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова.

Муцунски за Ива Михаилова: Владата не се меша во судењето, бугарски лекари ќе можат да ѝ ја проценат здравствената состојба

Македонија е подготвена да овозможи посета на бугарски медицински специјалисти кои би се запознале со здравствената состојба и лекувањето на Ива Михаилова, потврди министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој посочи дека случајот има два одделни аспекти – судскиот процес и здравствената состојба на Михајлова.

Јаневска: Ги обучуваме наставниците за користење вештачка интелигенција, за да им помогнат на учениците да ја употребуваат правилно

Најуспешните наставници и училишта по 9-месечната обука за вештачка интелигенција добија сертификати. Министерството за образование и наука ги спроведе обуките во соработка со Brainster Next.

To top