Македонија

СДСМ од Пехчево: Нема да дозволиме да се руши СДСМ

Партијата тврди дека има нова енергија

СДСМ порачува дека партијата има нова сила и дека е единствена во борбата против ВМРО-ДПМНЕ.

Пораката доаѓа по вчерашната средба во ОО СДСМ Пехчево каде потпретседателот Александар Трајановски и членот на ИО Александар Наумоски се сретнале со локалното членство.

Според објавените фотографии на средбата на која има вкупно 10 слушатели не било многу весело ниту може да се забележи новата енергија.

Ние нема да дозволиме да се руши СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат. СДСМ има нова сила – нова енергија. Единствени зад борбата против криминалната власт на Мицкоски и ВМРО, објави СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top