Македонија

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Партијата упатува и политички критики, посочувајќи дека градоначалникот треба да ги слуша граѓаните, а не други политички или бизнис интереси.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) преку соопштение му се обрати на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, повикувајќи го да распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали поддржуваат отворање рудник за антимон во нивниот регион.

Од партијата истакнуваат дека одлуката за ваков проект не треба да ја носи поединец, туку граѓаните, бидејќи станува збор за прашање што директно влијае врз нивното здравје и животна средина. Според СДСМ, експлоатацијата на антимон претставува сериозен ризик, бидејќи се поврзува со бројни здравствени проблеми и загадување.

Во соопштението се потсетува и на негативното искуство со рудникот Лојане, каде што, како што наведуваат, последиците од загадувањето сè уште се чувствуваат. Дополнително, тие предупредуваат дека слични сценарија се случуваат и со други рударски проекти, каде што ветените економски придобивки не ги оправдуваат штетите врз животната средина.

СДСМ нагласува дека Македонија веќе се соочува со сериозни проблеми со квалитетот на воздухот и дека отворањето на нов рудник за токсичен метал би ја влошило состојбата. Партијата упатува и политички критики, посочувајќи дека градоначалникот треба да ги слуша граѓаните, а не други политички или бизнис интереси.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top