Македонија

СДСМ влегува во војна со Велика Британија и една телевизија

Обвинетиот амбасадор Лосон и новинарката Џундева засега не ги демантираат обвинувањата од СДСМ дека се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Централниот одбор на СДСМ Герасим Лазов, кој номинално е трет човек во партијата, упатува тешки обвинувања до британскиот амбасадор во Македонија Метју Лосон.

Лазов обвинува дека Лосон на барање на владата на ВМРО-ДПМНЕ дал интервју во кое негира дека Скопје и Лондон воопшто разговарале за прием на мигранти од Велика Британија во Македонија.

Во обвинувањето се вели и дека интервјуто било нарачано со што освен со Велика Британија СДСМ влегува во војна и со ТВ24 и новинарката Лепа Џундева која го прави разговорот со Лосон.

Според обвинувањето Лосон и Џундева се алатки на ВМРО-ДПМНЕ кои таа ги користи по потреба.

Засега ниту Лосон ниту Џундева не ги негираат обвинувањата дека се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Аиии баш сега му светна на амбасадорот Метју да даде изјава за англискиот финансиски пакет во кој се наоѓа и приемот на мигрантите?
Па оваа информација ја разобличивме во мај 2025 година.

Нели Метју бегаше да даде јасен одговор се до октомври истата година?
Па потоа Мицко се расправаше со Тимчо и Николовски како таа информација стигнала до македонската јавност.

И сега, после една година , а четири месеци пред да му заврши мандатот се решил да даде интервју и да ни објаснува дека Англија само ќе истурела милијарди кај нас без никаква обврска?

Баш ме интересира, дали некој побарал од него да даде интервју или “го замолиле” од владава на ДПМНЕ да даде интервју?

Дали Метју после истекувањето на мандатот во Јули ќе остане во Македонија и тоа како Советник, или да го прашаме Александар Николовски за тоа каде и за што ќе биде советник Метју?

Дали оваа е нарачано интервју за дефокус, и дали за тоа цената е советничко место”, пишува претседателот на Центеалниот одбор на СДСМ Лазов.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top