Македонија

Се бара притвор за Рустеми и Саити од „Комунална хигиена“

Поради опасност од влијание врз сведоците и можноста за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени

Јавното обвинителство отвори истрага против директорот на скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, како и против раководителот во претпријатието, Аки Саити, кои полицијата вчера ги уапси поради несобирањето на сметот во Скопје.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица поради сомненија за сторено кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230, став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, од кои едниот в.д. директор, а другиот управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпадот и на својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање безопасен отпад на подрачјето на Град Скопје, како и на обврските предвидени во Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и на Оперативниот план за одржување на јавната чистота во Градот“, соопшти Јавното обвинителство.

Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад, како и со непрописното управување со отпадот, тие овозможиле во текот на овој месец да се создадат мали депонии на јавните и на сообраќајните површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, се додава во соопштението.

„Со тоа предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и на водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести. Ваквите сомненија се утврдени и констатирани со вонредните инспекциски надзори од овластените локални инспектори за животна средина, кои излегоа на терен по насоки на Јавното обвинителство, како и со експертско мислење за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење заразни заболувања од ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ“, се веливо соопштението од Обвинителството.

Поради опасност од влијание врз сведоците и можноста за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

За сторено кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230, став 1 од Кривичниот законик предвидена е казна од една до 10 години затвор.

Директорот на „Комунална хигиена“ беше приведен вчера:

 

Најнови вести од: Македонија

Николовски: Од септември Скопје ќе ги добие првата делница од Градскиот воз и првите 30 нови автобуси

Од септември Скопје ќе ја добие првата делница од Градскиот воз од Зелениково до транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси доколку успешно заврши јавната набавка по Велигденските празници, истакна во вчерашното гостување во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

МВР во акција: за 24 часа приведени 10 возачи!

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Хоџа: „Албанија го поддржува студентскиот протест во Скопје и бара да не се оспорува уставното право на употребата на албанскиот јазик во РСМ“

„Ферит Хоџа, министерот за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија, денес на прес-конференција истакна дека треба да има решение за студентите-Албанци во С.Македонија, кои бараат да полагаат правен испит на својот албански јазик, бидејќи, според него, албанскиот јазик е уставно и неоспорно право.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

To top