Македонија

Се менуваат скршените плочки и се враќаат во функција фонтаните на плоштадот „Македонија“

Ѓорѓиевски почна да го средува оштетеното и оставеното на забот на времето во мандатите на претходниците Шилегов и Арсовска

Во центарот на Скопје во тек е обнова на плоштадот „Македонија“, оставен на забот на времето во мандатите на градоначалниците Петре Шилегов и Данела Арсовска.

♥️ Го враќаме сјајот на Скопје!

👷‍♂️ Деновиве интензивно се работи на сите страни низ градот.
Го средуваме она што со години беше запоставено, а требаше да се одржува секојдневно, затоа што Скопје го заслужува најдоброто.
⛲️ На плоштадот „Македонија“ се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време беа оставени на забот на времето повторно ги враќаме во функција, а пристапните патеки конечно ќе престанат да бидат предизвик и мачнина за граѓаните.
🏙️ Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град, токму таков како што го паметиме и каков што сакаме да го оставиме за идните генерации.
🫡 Го правиме тоа за нас, но и за сите гости кои секојдневно доаѓаат да го запознаат нашиот главен град“, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

Самсунг (“Samsung“) ја задржа Број 1 позицијата на глобалниот пазар за комерцијални дисплеи 17 години по ред

Новиот извештај од индустријата ја потврдува лидерската позиција на Самсунг, додека компанијата го проширува своето портфолио на напредни дисплеи и интегрирани решенија за бизниси ширум светот

To top