Македонија

Се отвораат нови линии – Договор со Обединетото Кралство за авио-сообраќај

Договорот за редовен воздушен сообраќај помеѓу Македонија и Велика Британија се потпиша на иницијатива на Велика Британија и претставува нова правна рамка со која се уредуваат односите во делот на редовниот воздушен сообраќај помеѓу двете земји.

Владата потпиша меѓудржавен договор за воздушен сообраќај со Обединетото Кралство, со кој се отвора пат за воспоставување директни линии и поголем број туристи од Британија, соопштија надлежните. Според изјавата на Александар Николоски, документот ја усогласува регулативата за безбедност, slots и оперативни дозволи, што им овозможува на авиокомпаниите да аплицираат за летови меѓу Скопје/Охрид и британски аеродроми.

Договорот предвидува рамка за комерцијални права, код-шеринг и стандардни процедури за безбедност и заштита, а надлежните очекуваат интерес од нискобуџетни и традиционални превозници. Институциите најавуваат промоција на дестинациите Охрид и Скопје на британскиот пазар и координација со туристички оператори за пакет-аранжмани, со цел зголемување на бројот на посетители и подолг престој.

По ратификацијата и техничката имплементација, домашните и британските авиопревозници ќе можат да поднесат барања за слотови и дозволи. Дел од процедурите ќе се водат преку националните воздухопловни власти, а термините и фреквенциите ќе зависат од комерцијалниот интерес на компаниите и расположливоста на аеродромските капацитети.

Вицепремиерот Николоски по потпишувањето потенцираше дека Македонија има огромен раст во авиосообраќајот во последната година и претставува сериозна конкуретна земја во регионот, а тоа се должи пред се на спроведување на политиките на Владата за развој на цивилниот воздушен сообраќај. Тој додаде и дека домашните аеродроми имаат огромен потенцијал да опслужат нови авиокомпании и патници.

Со Договорот се уредува и интермодалниот превоз што е особено важен дел во карго транспорот, а исто така се постигнува и висок степен на заштита и безбедност на авиокомпаниите и патниците утвредни преку ИКАО стандардите.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top