Македонија

Се подготвува акција за „преземање“ на СДСМ од поранешни високи функционери

Социјалдемократите добиле иницијатива за враќање на партијата, во која предничат поранешниот потпретседател на партијата Игор Ивановски и екс генералниот секретар, Андреј Петров, дознава „Фокус“

 

Порталот се повикува на свои информации од партијата, според кои, иницијативата е од страна на поранешни високи партиски и јавни функционери кои не се задоволни од начинот на кој моментално се управува со СДСМ, па дури и се противат на многу политики и постапки на матичната партија.

Според изворите на „Фокус“, двигателите на оваа иницијатива, како и оние што ја поддржуваат и се приклучуваат кон неа изразуваат скептицизам дека актуелното лидерство на партијата може да акумулира поголема поддршка од оваа сега, поради што стравуваат дека партијата ќе стагнира, па дури и дополнително ќе назадува.

Сметаат дека ако целта е СДСМ повторно да ја врати старата слава и да дојде во позиција да претендира да ја освои власта, потребно е лидерство и раководство кое без никакви калкулации и компромиси ќе отвори фронт против ВМРО-ДПМНЕ на идеолошка, политичка и други основи.

Иницијативата не е конципирана како иницијатива за промени во СДСМ по пат на внатрешен судир, туку повеќе како иницијатива за создавање на силен и победнички СДСМ, што, според припадниците на иницијативата, може да се оствари само со заеднички сили и низ еден инклузивен процес, пишува Фокус

„Оваа иницијатива не е насочена против никого, но едноставно ферментира ставот дека е доста од ова. СДСМ има 7 отсто рејтинг и ако нешто не се промени ќе го доживее она што му се случува на Џилас во Србија, односно 15 години во опозиција. Но, тоа не значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане толку на власт. Дека просторот нема да остане празен тоа се виде со Левица во Скопје“, изјавил за „Фокус“ поддржувач на иницијативата.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top