Македонија

Сè повеќе луѓе се одлучуваат за соло патување – меѓу посакуваните дестинации и Македонија

Сè повеќе луѓе избираат да патуваат сами, а жените го предводат глобалниот тренд. Податоците од Hostelworld покажуваат дека резервациите за соло патувања се зголемиле за 42 отсто помеѓу 2015 и 2017 година, при што резервациите кај жените бележат поголем пораст – 45 прценти во споредба со 40 проценти кај мажите. Брефни Хорган, директор за производи […]

Сè повеќе луѓе избираат да патуваат сами, а жените го предводат глобалниот тренд. Податоците од Hostelworld покажуваат дека резервациите за соло патувања се зголемиле за 42 отсто помеѓу 2015 и 2017 година, при што резервациите кај жените бележат поголем пораст – 45 прценти во споредба со 40 проценти кај мажите.

Брефни Хорган, директор за производи во Hostelworld, вели дека соло патувањето повеќе не мора да значи дека си сам. „Тоа е начин да ги прошириш своите хоризонти и да запознаеш луѓе од различни култури и потекла. Растот на овој вид патување може да се објасни со напредокот во технологијата, пофлексибилното работно време и фактот дека сè повеќе луѓе остануваат сами подолго време и не чекаат друштво за да излезат.“

Меѓу најпопуларните дестинации за американските патници се Куба, Македонија, Обединетите Арапски Емирати и Египет, при што резервациите за Куба се зголемија за импресивни 406 отсто за само една година. Подобрената поврзаност, практичните мобилни апликации и поширокиот избор на летови ги прават дури и оддалечените места лесно достапни и безбедни.

Hostelworld, најголемата платформа за онлајн резервации на хостели, работи напорно за да им обезбеди на соло патниците најдобро можно искуство. Неговата апликација им овозможува на корисниците да ја следат својата локација, лесно да ги менуваат плановите и да откриваат настани и активности за да ги споделат со други патници.

Од нула резервации во Куба во 2014 година, Hostelworld сега нуди над 273 сместувања во 22 градови низ целата земја.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

Димитриевски: „Да“ за Европа, но европски пат со заштита за македонскиот идентитет и без отстапки кон Бугарија!

Лидерот на ЗНАМ предлага парламент со 90 пратеници како дел од пошироки изборни реформи. Истовремено бара заштита на македонскиот идентитет и европски пат без отстапки кон Бугарија.

To top