Македонија

Се води ли војна преку водата за пиење и зошто нема доверба во институциите?!

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период. Ова навидум наивно објаснување актот во Гостивар, кој практично имаше ефект на терористичко дело, за жал беше „поткрепено“ со документ од државна институција.

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи преку кои, според досегашните информации, во системот влегувала вода од површински канал од реката Вардар. Случајот, по кој околу 3.000 граѓани побараа лекарска помош, ја отвори и пошироката тема за довербата во институциите и за начинот на кој дезинформациите можат да предизвикаат паника.

Она што во Гостивар било објаснувано како техничка мерка за зголемување на притисокот во водоводниот систем во летниот период, доби сосема поинаква тежина откако беа утврдени отстапувања во квалитетот на водата. Особено сериозно прашање е како Центарот за јавно здравје во Тетово на 13 јули можел да ја оцени водата како безбедна, ако последователните проверки покажале присуство на фекални бактерии и несоодветна концентрација на хлор.

Последиците беа реални. Илјадници граѓани се соочија со здравствени проблеми, а случајот остави сериозен удар врз довербата во институциите задолжени за безбедноста на водата. Токму во таква атмосфера во Скопје почна да се шири нова паника. На социјалните мрежи се појавија тврдења дека градскиот водовод е загаден со ешерихија коли и дека граѓаните треба да престанат да пијат вода од чешма.

Една информација се ширеше од профил на профил, без да се провери нејзината точност. Стравот од можен здравствен ризик дополнително го забрза ширењето, а дел од граѓаните почнаа да купуваат флаширана вода. Во такви ситуации социјалните мрежи стануваат моќен механизам за ширење на дезинформации. Граѓаните, најчесто водени од страв и желба да ги предупредат другите, несвесно можат да станат дел од тој механизам.

Од друга страна, институциите излегоа со спротивни информации. Град Скопје, ЈП „Водовод и канализација“, МВР, Институтот за јавно здравје и здравствените власти соопштија дека анализите не покажуваат загадување на водата во скопскиот водоводен систем.

ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека лабораториските испитувања покажуваат оти водата е безбедна за пиење. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во обид да ја смири јавноста, јавно се напи вода од чешма. Но, проблемот е што институционалната информација денес се соочува со многу поголем предизвик од порано. Кога граѓаните веќе еднаш ќе изгубат доверба во системот, ниту една нова изјава не се прифаќа автоматски како точна. Токму затоа случајот со Гостивар има пошироки последици. Не станува збор само за тоа дали некој институционално згрешил, туку и за тоа колку таквиот пропуст може да влијае врз реакцијата на јавноста во следната криза.

Во меѓувреме, МВР презеде мерки против лица кои ширеле тврдења дека скопската вода е загадена со ешерихија коли. Тоа може да помогне во запирањето на ширењето на лажните информации, но останува многу поважно прашање: кој ги започнал и дали станува збор за организирана кампања? Во јавноста веќе се појавуваат сомнежи и политички обвинувања дека зад ваквите операции стојат опозициски структури. Но, сомнежот не е доказ. Доколку постои организиран центар што намерно шири дезинформации со цел да предизвика страв и дестабилизација, институциите треба тоа да го докажат и да ги откријат и организаторите и нарачателите.

Во спротивно, квалификациите за „специјална војна“ остануваат само дел од политичкиот речник.

Тоа е особено важно бидејќи во изминатите години јавноста повеќепати слушаше за различни случаи што беа претставувани како обиди за дестабилизација. Лажни дојави за бомби, безбедносни афери, пожари и други случаи беа проследени со најави за истраги, но во дел од случаите јавноста не доби јасна завршница.

Без конечни резултати, секоја нова институционална квалификација станува потешко прифатлива.

Ако навистина постои организирана операција за ширење паника преку социјалните мрежи, таа мора да биде разоткриена до крај. Ако, пак, нема таква операција, тогаш институциите мора да дадат одговор зошто во услови на криза толку лесно се создава простор за теории на заговор и непроверени информации.

Водата во Скопје, според официјалните лабораториски анализи, е безбедна за пиење. Но, самиот факт што дел од граѓаните и натаму не им веруваат на тие уверувања покажува дека вистинскиот проблем е многу поширок од една лабораториска анализа.

Довербата во институциите се гради со навремено информирање, професионална работа и одговорност кога ќе има пропуст. А кога ќе се појави сомнеж за организирана дезинформациска операција, одговорот не треба да биде само соопштение, туку целосна и проверлива истрага.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top