Македонија

Се запали автобус на ЈСП на Водно, возачот успеал да го однесе на безбедно место

Брзата и совесна реакција на возачот спречила огнот да се прошири кон околната вегетација.

На Видиковецот на Водно претпладнево се запали двокатен автобус на ЈСП на линијата 25, која сообраќа до Средно Водно.

За среќа, брзата и совесна реакција на возачот спречила огнот да се прошири кон околната вегетација.

Густиот црн чад што се издигаше од автобусот беше видлив од повеќе делови на Скопје и првично предизвика сомнеж дека станува збор за пожар на самата планина.

Според информациите, пожарот започнал откако се запалила електричната инсталација на автобусот.

Откако го забележал проблемот, возачот реагирал навреме и го насочил автобусот кон безбедно место, подалеку од шумата, со цел да се избегне можноста пламенот да ја зафати вегетацијата на Водно.

Директорот на ЈСП Скопје Сашо Илиевски за „Слободен печат“ соопшти дека автобусот се запалил веднаш штом ги оставил патниците и тргнал надолу од Средно Водно, по што возачот го оддалечил автобусот од шумата, а пожарот е веќе изгаснат и нема повредени.

„Нема жртви. На лице место сум, саниран е автобусот се е изгасено. Само што тргнал возачот надолу откако ги оставил патниците и автобусот се запалил. Возачот го дислоцирал подалеку од шумата за да не дојде до пожар на шумата. Горниот спрат е целосно изгорен, двокатен е автобусот. Долу моторот е здрав. Полицијата е на терен со пожарната“, изјави Илиевски.

Најнови вести од: Македонија

Иако локализиран, постои опаснот пожарот на Пелистер пак да пламне

За време на повеќечасовната борба во текот на изминатата ноќ со огнената стихија биле повредени двајца припадници на единиците што учествувале во гаснењето. Според информациите од терен, нивната здравствена состојба е стабилна.

ФЕРОИНВЕСТ со најголема жетва на пченка досега за биогасната електрана во Сарамзалино

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос на приносот по хектар, така и во однос на квалитетот

To top