Македонија

Сејдиу: ВРЕДИ ќе излезе со нови кандидати во Гостивар и Врапчиште

Во овие две општини не беше постигната доволна излезност и ќе има нови избори

 

Блерим Сејдиу од ВРЕДИ најави дека во општините Гостивар и Врапчиште, Коалицијата ќе предложи нови кандидати за градоначалник, но не соопшти имиња.

„Сега во вториот круг, каде што може да има и промена на кандидатот, ќе има и промена на кандидатот од ВРЕДИ“, рече Сејдиу.

Сејдиу исто така рече дека Саранда Имери е едно од можните имиња за в.д. градоначалник на Гостивар.

„Тоа е едно од имињата за кои се дискутираше, но има и други имиња. Одлуката ќе биде донесена многу наскоро, административните процеси мора да продолжат и граѓаните мора да ги побараат нивните услуги. В.д. мора да се назначи што е можно поскоро“, рече Сејдиу.

Избори во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово во наредните 60 дена

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top