Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

Безбедносниот систем

Преполовени сообраќајките благодарение на камерите на „Сејф Сити“. Намалена е и бројката на смртни случаи. За познавачите, брзината непочитувањето на правилата и ризичното однесување и понатаму се главните фактори кои придонесуваат за трагедиите. Велат една грешка зад воланот, може да доведе до фатални последици. Особено во лето кога високите температури дополнително влијаат врз концентрацијата и заморот.

„Тие сообраќајки се многу тешки посебно во летниот период кога температурите се високи, кога предизвикуваат намалување на концентрацијата на возачите, пешаците, мотоц иклистите. Потребно е зголемено внимание за да не дојде до несакани последици. Сејф сити е голем чекор во безбедноста и во менаџментот на безбедноста на сообраќајот, еден од најголемите чекори, меѓутоа таму кај што е поставен. Возачите многу лесно се научија да ги почитуваат правилата да возат со намалена брзина, затоа што никој не сака да биде казнет. 05:06 Но, истиот не може да ни ги реши сите проблеми, сообраќајната култура треба да биде на прво место и почитување, ако ги немаме потребни се санкции“, изјави Верица Данчевска – сообраќаен инженер.

Пред инсталирањето на камерите во Македонија во просек, по 150 луѓе во годината ги губеа животите на македонските патишта. Но, не секоја сообраќајка е само последица на грешка на возачот. Понекогаш проблемот може да биде и во самата сообраќајница и несоодветната сигнализација.

„Недостаток на сообраќајна сигнализација тоа се сообраќајните хоризонтална и вертикална, Недостатокот од истата е сериозен проблем. Доколку е во општините спаѓа под локалната самоуправа, сите градоначалници потребно е да имаат механизам со кои ќе ги следат отстранувањата односно недостатоците на сообраќајните знаци, и ќе бидат истите обновувани односно одржувани“, изјави Верица Данчевска – сообраќаен инженер.

Статистиката покажува позитивен тренд. По воведувањето на системот „Безбеден град“ бројот на загинати во сообраќајни несреќи е намален за околу 40 проценти. Во периодот од 1 февруари до 22 јуни 2026 година загинале 34 лица, наспроти 55 лица во истиот период лани. Во истиот период, преку камерите биле регистрирани 120.000 сообраќајни прекршоци. Дури 95 проценти од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.

Камерите од „Безбеден град“ се поставени во Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10. Министерот Тошковски најави дека до крајот на годинава проектот ќе биде целосно имплементиран низ целата држава.
Извор:Алфа тв

Најнови вести од: Македонија

Скопје има безбедна вода за пиење, вели Ѓорѓиевски

Изворот Рашче е под постојан, 24-часовен надзор и обезбедување. Станува збор за простор кој е силно заштитен со видеонадзор, како и со физичко обезбедување на голема површина околу изворот. Затоа, на граѓаните сакам да им порачам, бидете спокојни. Скопје има безбедна вода за пиење, пишува градоначалникот

Туристички бум во јуни – во Македонија дошле над 113.000 гости, најмногу од Турција

Јуни донел силен прилив на странски гости во земјава, но ниту тоа не било доволно првата половина од 2026 година да заврши со раст на туристичкиот промет. Бројките покажуваат интересна слика – странците убедливо доминираат меѓу посетителите, Турција е далеку пред останатите пазари, а домашните туристи бележат пад.

Македонија сама го решава проблемот со визи за професионалните возачи, вели Николоски

Maкедонија веќе има билетарални договори за транспортерите со Швајцарија, Хрватска и со Романија, а се работи и со Австрија, Германија и со Унгарија, изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Им пречат македонштината, историјата и македонската приказна – ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од СДСМ

Опозициската партија обвинува дека во видеото објавено по повод прославата се изоставени клучните државни достигнувања, како што се зачленувањето во ОН, НАТО и добивањето кандидатски статус за ЕУ.

Трпение до први септември, потоа протести на границите од транспортерите

Во организација на Асоцијацијата „Макам-транс“, се одржа регионална средба на претставници на здруженијата на превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тема на беа актуелните проблеми со кои се соочуваат професионалните возачи во однос на ограничувањето и броењето на деновите за престој во Шенген зоната, како и дефинирање чекори за надминување на оваа состојба.

To top