Македонија

Села ќе влезе во Влада, кога и ако “бадентер” влезе во Уставен

Според него, ова е неопходен чекор за да се гарантира еднаквост и правична застапеност, особено за немнозинските заедници во земјата

По изјавата на еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити, дека постои можност крилото на Алијанса за албанците на Зијадин Села да влезе во Влада – реагираше лидерот.

Тој вели дека секоја дискусија за вклучување во извршната власт мора да се базира на јасни политички услови. Тој подвлече дека приоритет за Алијанса за Албанците останува имплементацијата на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд.

Според него, ова е неопходен чекор за да се гарантира еднаквост и правична застапеност, особено за немнозинските заедници во земјата. Тој додаде дека без исполнување на овој услов, не може да има договор за влез во Владата, пренесува Тетова 1.

Реакцијата доаѓа откако Меџити на брифинг со новинарите минатата недела рече дека од „ВРЕДИ“ очекуваат дека по формализирањето на партијата кон нив ќе се приклучат и други политички субјекти, организации и поединци.

Но, дека тоа не важи за Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Од коалицијата оценуваат дека по 9 мај кога е конгресот на Вреди, ќе започне ново политичко преструктурирање во албанскиот политички простор и изразија уверување дека значаен дел од членството и структурите на ДУИ, особено од вториот и третиот ешалон, ќе преминат во Вреди.

Градоначалникот на Чаир и копретседател на Вреди, Меџити, во гостување на ТВ 24, не ја исклучи можноста Алијанса предводена од Села, да ѝ се приклучи на Владата. Тој посочи дека комуникацијата се одвива на повеќе нивоа, а вратата за евентуално приклучување е „подотворена“.

„Постои опција Зијадин Села да ѝ се приклучи на Владата. Вратата му е подотворена, комуницираме на различни нивоа“, изјави тој.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top